Леле преубаво... има еден бутик на улица Македонија што е после бикот кај што има вакви капути бунди и свечени фустани али цените се солени.. Јас исто барам бунда али да се пофалам купив кратка кафена од Бершка дадов 5000 никако да ги преболам. Еве pull and bear
Вакви чизми освен зара каде да најдам? Црни, на средно висока и дебела штикла, до колена, не мора да имаат детали, односно не сакам детали и да се вака широки горе, врвот да е заоблен, не шпиц или не ептен квадратест. Или овие некој да не видел дали ги има во H&M?
Препорака за квалитетен капут што би издржал повеќе од 5 години да го носиш? Овие од fast fashion брендови 2 години преку сила дали може да се носат, па ни толку. Не е исплатливо секоја година-две нов капут човек да купува зошто стариот му личи износен, а го купил не така одамна. Плус што не држат топло и не се за пониски температури од овие сега. Препорака за бренд, материјал, која цена отприлика би ме коштал таков квалитетен и топол капут? Од Зара имам лошо искуство со квалитет на капут искрено. За неколку месеци изгледаше износен, со такви топчиња од материјалот се направи и ми беше ладно со него. Ветво и старо за кратко време изгледаше.
Јас ќе се изедам жива што ги пропуштив во Зара а ми беа идеален модел. Така да ако најдеш споделувај. И јас исто
Јас имам од бенетон, има сигурно 5 години, волнен е, си го перам и на рачен програм со ладна вода во машина, не го земав евтино, можда на попуст беше 200 евра, ама топли како монтка и нема упки.
Вакво нешто, со вакви панталони (без линија напред)? Сакото не мора да е баш вакво ама да е пострукирано. Сте виделе некаде низ Ск, да можам да пробам?
Каде можам да најдам сомотни панталони, лани знам имаше во Ист Гејт, не се сеќавам каде точно. Дали имате со сигурност сретнато некаде оваа година?
Баш за истото дојдов во темата. Капутот купен пред 2г го фрлив, цел упки беше, од лани исто веќе почнал да се прави упки. Капут купен 2017 од orsay од Германија стои право нов, ни упка ни ништо, не е ни чиста волна. Се прашувам дали веќе нема квалитет па каков и да се купи за кратко се уништува. Каков материјал треба да е за да не се прави упки?
Секој природен материјал има тенденција да прави упки. Можеш да дадеш и 1000 евра на капут и пак ќе ги имаш. Добрата работа е што лесно се чистат. Сега има машинки и за неколку минути капутот е како нов. На подобар квалитетен капут упки можат да настанат после неколку неделно носење, но истите ќе бидат минимални и повеќе како собрани влакна, додека кај оние од типот на Зара после секое носење ти се појавуваат како вошки (извинете на споредба, ама стварно се досадни како нив ) За квалитет на капут гледајте го составот. Што поголема содржина на волна толку подобро. Што подалеку од полиестер, значи да е дебел материјалот како черга џабе е се, пак ќе ви студи. Топло го препорачувам Масимо Дути за квалитетни капути. Во сезона и тоа како се скапи, меѓутоа на попуст се наоѓаат сосема солидни цени за парче кое ќе се носи со години