А демек овие у Евроазија од 2500 се оригинал? нема оригинал толку ефтини, а 2500 за неoригинал е премногу. Факт
Па пишав на темата,ама вие не читате изгледа. Има оригинал (добро де не од истата фирма,ама по тој стандард правени) и кај нас,од Димко од Велес,за 2500-3000,наменети за извоз за Канада каде што се продаваат за 200 долари и важат за оригинален производ. Брее неразбрани жени значи.
Тоа може, ама не се плаќа стандардот и квалитетот (првично) туку брендот А UGG чизми за 2500 не наоѓаш па каде сака нека се правени Такви чизми, дури поквалитетни и правени по повисоки стандарди може ќе најдеш и поефтини, ама не го носат угг брендот. А за UGG зборевме, нели....
Алиса,кога плаќаш бренд,плаќаш и стандард и квалитет(и ти ко корисник и тој што го произведува за некого мора да се придржува до тоа). Да не се разубедуваме сега,имам вакви и знам што зборувам. На крајот,имам и кардиган мис селфиџ од тука купен за 400 денари,зошто е шиен кај нас,а до него етикета од 30 фунти,наменет за Англија,па сега види ти како оди овој процес. А нивно е дали ги прекршуваат договорите. Да помеѓу 2500 и 3000 се.2500 се ако ги купиш без тоа етикетата зашиена,3000 со се етикетата. Користат наши суровини,но по стандард целосно се исти ко оригиналот.
Потполно се сложувам, нема што да се разубедуваме Само што јас зборев за UGG чизми, брендот нели....и дека такви не се наоѓаат за 2000/2500.
Јас долго време барав ваква боја на чанта, зошто имам нови чевли, специфична боја, тешка за комбинирање. Оваа ептен ќе ми одговара. Фала.
да да и тоа се мислев и јас, бојава е малце трики, ама ако имаш кондури што ти одговраат, не се мисли, одма земај, во Њу јоркер, се продава се ко алва, пред некој ден немаше пола од работите што ги сакав иначе имаше мног слична во Акесосрис дури и поубава,а ма цената и беше мама мија 3000 и верувале или не, за една недела бев ја немаше една или две беа али пак бе 3000 за малечка ташна Имааат скопјани многу пари излеа
Во Аксесорајз не ни влагам. Очите ме болат и срцето ме стега. Чевлите се баш вакви, ама не можам да си дозволам да дадам повеќе од 2000 денари за чанта, што ќе ми одговара само со нив. Инаку знам дека се распродава се во ЊуЈорекер експресно. Минатиот месец пропуштив една преубава ташна за 1000-че. Имаше дента 3, следниот ден 0. Морам побрзо да одам да ја купам оваа.
Акесесорајс, рај за очи, пекол за џеб! Ама го обожавам и има попусти купувам или во солун имаат малце поприфатливи понуди!
Многу сакам џемперче со крзненце околу вратот,еве вака нешто (само малку пократко) и?КАДЕ да најдам во Скопје??
Tinkerbelll и јас барав ист како првиот, само бел и нигде не можам да најдам. Во Калиопе има нешто слично, без крзно, широки се и распуштени, мислам околу 1000 денари дека беа.