каде да купам удобни и квалитетни хеланки за вежбање а да не се 5илјади и нешо?... Луѓе пуничка сум а не можам да вежбам во трењерки се потам мнг лесно, дајте помогнете плс, некои хеланки каде шо нема се да ми се тресе ахахаха и да не проѕира нишо
Минатата година зедов од Кали во Кисела Вода по 500-600 денари, имаат големина до XXL, баш за полнички. Не оцртуваат, стегаат и имаат супер квалитет.
Каде во Скопје да најдам вакви чизми? Ги најдов во Косово ама за 5000 ми е ризок да не ги пробам прво. Во Молини ги имаше на слика, кога ми ги пратија беа темно црвени. Значи оваа боја баш ми треба, темно темно бордо, не темно црвени.
Здраво, дали знаете каде можам да купам квалитетни зимски џемпери од природни материјали, волна и слично, да не се од пластика. Дали познавте некоја македонска мала фирма која произведува такви? Генерално каде купувате квалитетна облека? Во последно почнав да читам етикети на секое алиште и се е 50+% пластика....
Јас последно земав панталони од бутик Тамаи. Е сега не знам моделот дали ке ти се допага широко ѕвонести, дебел памук и волна. Мене многу ми се допагаат а се прилично долги за мене, тебе таман ќе ти бидат. Прашај и фармерки може да има подолги. Моја пријателка исто поради височина фармерки купува од Зара. Пробај си директно таму, може ќе најдеш нешто, плус не се скапи фармерките а и често има попусти. И мене ме интересира. Јас одамна барам состав ама џабе. Досега не сум нашла овде ништо. Капут тешко се наога не па друго.
Здраво, каде наоѓате најисплатливи заменски глави за Oral B електрична четка за заби, најобичен модел. Благодарам
Да провериш Бриколаж, Меркур, Електрометал... и да почекаш месец, два може ќе има повеќе избор кога ќе запролети.