Здраво, сакам да ве прашам дали сте порачувале од инстаграм страни од Косово фустани, (ми требаат посевечени за свадби) и како сте задоволни да препорачате? Гледам ги има многу, ми излегуваат на инстагарам, но никогаш не сум нарачувала, а имаат достава до Македонија.
Здраво, јас имам нарачувано од инста страни од Косово. Не конкретно свечен фустан ама други работи како хеланки, маички, фустанчиња, купачи и сл. и супер ми се погодени. Доставата била околу 5е до дома.
Не, ми требаа и мене минатата година свечени фустани за свадби, се можно од страните разгледав и читав по групи искуства од други што нарачале - не стига тоа што очекуваш. А можеш да приметиш дека истите модели се вртат на повеќе страни. Отидов и до таму, ништо не најдов, премногу за мој вкус, а цени во вис.
Ти препорачувам доколку можеш да одиш во Прилеп имаат доста продавници за свечени фустани, јас од таму си купив за две свадби
Каде можам да купам убава кошула? Не сакам широка, развлечена и со спуштени ракави, туку нешто како на сликава.
Каде да најдам комплет сако и панталони, по можност сакото да е кратко. И сити мол и ист гејт барав ама комплетите се сите претежно со елече наместо сако. Вака нешто да биде, само да е обично без розевите додатоци.
Јас распар си купив иста боја панталони и сако. Како да гледав во Mymoda, ама и таму видов дека се со елек. Да видиш во Супер цени.
Од каде ги купи ако не е тајна? Преферирам да е продавница каде што можам да пробам бидејќи тешко наоѓам панталони што ми одговараат, а и немам време да ризикувам да нарачам онлајн па уште ако не се погоди број.
И јас преферирам да пробам или веќе ако порачувам обично порачувам од страни што имаат бутици, до сега од Brash што сум порачала се' ми било точно и како на слика, таму имаше вакви исти комплети, ама додека да порачам ги снема и порачав само сако, панталони имав веќе од Супер цени купено. Исто имам сако кратко од Calliope и панталони од Зара сега брзо ги купив, а сакото од лани ми е. Сега ми текна дека имаше гледав на страната во Golden garden разни бои, кога прашав немаше, види сега да не добиле. Лани како да гледав во Зара кратко сако, сега не сум видела, мене од лани ми се. Можеби ќе добијат повторно. Овие од Golden garden. Имаше разни бои, прашај дали има.
Од тоа што сум гледала тие имаат од покрут материјал како за на работа и ми изгледаат на униформи. Али може ќе поминам да разгледам.
Ги имам пројдено тие по неколку пати и се уште не најдов ваква. Обично се широки и со спуштени ракави или од лош материјал.