Ми треба обична бела кошула...без шарки без ништо, чисто бела ! И малку подолга колку да може во фармерки да се стави Ќе ми каже ли некој каде можам да најдам ама да не е поскапа од 1000 ден. Фала однапред
VE MOLAM KAZETE Kade mozam da najdam vo Skopje kafeava baretka premnogu sakam. Od Bitola sum i ne mozam da najdam tuka, pa zatoa me interesira za Skopje. Ve molam kazete mi
Каде можам да најдам вакви чевли,во Скопје или во друг град,а и не мора да се оваа боја,овој модел важно да е ????
Женски ај ако имате видено кажете ми ве молам каде во Скопје/Битола/Прилеп(освен во тера нова ) можам да најдам кожна јакна темно кафеава со крзненце бело што се оние знаете, може и кратка, ама уште поубаво да е подолга. Ако имате случајно видено ќе ви бидам благодарна ако ме упатите.
сега ја гледав дали беше 1449 или 1649.. ама сепак мислам дека е 1449 леле сега ги гледав дали беше во њујоркер или во евроазија во верото ...не ме држи мозокот ...шетав онака па не обрнав на ништо внимание ама знам дека ги гледав
да не те разочарувам ама кај нас нема да најдеш, барем не до следната година. единствена опција ти е ако имаш некој од странство да ти ги купи па прати или ти да си ги нарачаш преку интернет ако имаш можност, врие од вакви на страници како eBay и слични и тоа по смешни цени од 1.200 ден. http://www.ebay.com/itm/New-Lady-Womens ... 137wt_1037
Се извинувам што постирам слика од форумџика која си ги објавила овие чизми но тие ми се најблизок пример з атоа што сакам Ваквки или слични каде можам да најдам .
А каде поточно во куманово,како се вика продавницата или можеби имаат профил на ФБ,за да исконтактирам полесно???
Каде може да најдам маица со знамето на Лондон? Може и со кратки и долги ракави било каква само да го има знамето на Лондон..?
девојко јас иам да не речам исти како 2рите без крзно без ништо на полна штикла и искрено морам да си се пофалам дека се преубави.Си ги купив од шутка за 1000че и ич не се замарам дали се од шутка или од некоја си марка во градов.важно се прекрасни
Ист ваков модел има во една продавница за обувки во ГТЦ. За името не сум сигурна, ми текнува само дека е на втор спрат и дуќанчето е помало малку навнатре пикнато. За мој вкус се шарени, иако основата им е црна, имаат големи кремасти (ми личат на хипнотизирачки) кругови во кремаста до кафеава боја. Штета што нема еднобојни.
Можеби не е соодветна темата, но искрено не знам каде на друго место би прашала. Каде да купам дуксер/маица од Jack & Jones? Имаа бутик во ГТЦ, ама изгледа е префрлен. И го видов нивното лого на она Секнд Хенд Шоп, на Битпазар тоа на спрат што е, ама дали внатре во таа ( Hand Shop) продавница имаат нешто или посебна е?