Каде можам да најдам високи чизми до колена на штикла, но да се пошироки во листот? Имам проблем често не ме запетлуваат во листот знам дека има некои со ластик за дополнително проширување, но не знам каде.
Кој знае кај продаваат квалитетни топли капути ? Да има добар процент волна бар 30-40%, значи не од зара.
И ја сум во потрага по добар капут, порано наоѓав во Васидора и Мак Примат ама се што е квалитетно затворија и само чкљ роба остана. Стварно ако знае некој каде можат да се најдат убави капути нека не просветли.
Одамна не ум била, ама имаше волнени капути во продавницата во Зоил што е, Самоил или така нешто се викаа. За Скопје зборувам.
Ве молам дајте ми совет. Другарка прави веридба дома, во дворно место, но не знам што е соодветно да облечам. Немам идеја што да облечам, а да биде прикладно и за настанов и ладниов период. Дајте ми некои предлози. Може и слики, за да имам визуелна претстава
Според мене можеш фустанче што е по долги секако или комплет суќна, кошула палто одозгоре. Не ти го знам стилот може и убави панталони исто со сако нешто така. Не мора штикли, долги свечени тоалети, ама иако е дома сепак веридба е посвечен настан од роденден на пример, па не личи да појдеш по фармерки.
Само ваков тип фустан (види слика подолу), материјалот е тро подебел и таман за такви прилики. Панталони сепак не мислам дека е во ред да носиш. Во секој случај, тука ти е пинтерест (види ги комбинациите и со долги здолништа со дезен). Нагоре не мора скроз долги ракави, 3/4 во таков случај ќе ти завршат работа. Spoiler: /
Квалитетни капути во Астибо, спроти Рамстор/нлб банка. Преубави се а квалитетни. Само не сум сигурна за дали се волнени
Знаете ли каде можам да си најдам фармерки, панталони и сл., број 32 или XXS? Смачено ми е од барање, ќе ме разберат сигурно девојките што имаат помалку од 50кг.. И тие места каде што има бр. 32 (како Бершка, Страдивариус..) исто како да не им се бр.32... Порано таман ми беа, сега како да ги прават поголеми од тоа што треба. Ќе треба да почнам од детско од Зара да купувам Фала Ви однапред
Јас од Мега фешн купив пред една година h&m капут со 80% волна. Ептен е топол, се прават "топчиња" кај ракавите ама лесно се средуваат.
Ги затворија мислам сите Bella продавници ,а имаа најквалитетни парчиња за работа/формална облека.И кројот и броевите многу ми одговараа.Дали знае некој дали некој ја откупи,но го смениле името? Или предлог за ист квалитет на панталони/сакоа
Монна. Не мона што е за ташни, туку со две Н, монна, продавница за чевли во Србија, не сум сигурна дали ја има во мк. Мислам дека се кожни и квалитетни, барем така слушнав од роднини од Србија. Па ако те носи патот натака, разгледај си.
Њу јоркер, зара, страдивариус, бершка и сличните можно е да имаат. И на rm clothing на инста како да видов.
Женски каде можам во продавница во скопјево да ја најдам тракава, не можам да чекам со достава многу денови ми се, ми тррба поитно.