Каде да купам по можност онлајн, памучни пижами со откопчување напред а да не се над 2000 денари? Women’s secret има убави ама 2500-800, Sara Fashion не верувам многу во квалитетот пошто се што сум земала се распаднало по едно перење, Waikiki порано имаше многу избор сега само некои шкарт материјали.
Од women's secret не вредат ни 1000 денари. Имав едни поодамна од таму, обелеа се и излитија за многу брзо. Ај мислев тие така се погодиле, лани си купив новогодишни памучни и минатата недела ги фрлив во ѓубре. Избелеа и почнаа да се излитуваат по рабовите и дупчиња се направија. А не ми беа ни којзнае колку носени. Од Сара Фешн имам барем 5 пара пижами, одличен квалитет, ептен износени. Друго, да разгледаш во Јасмил, имаат на откопчување, ама само во горниот дел (кај градите). Можеби ќе имаат и нови модели. Убав квалитет се, задоволна сум. https://mk.jasmil.com/j25k-12p102-d-2866-zhenska-pizhama Extreme intimo се убави, ама и таму се над 2000 денари.
Фала ти, за малце ќе пуштев срце и ќе купев од Women’s secret. Од Sara Fashion баш од нивната линија имаш или од Penti?
Од нивната линија. Еве конкретно овој модел: https://www.sarafashion.mk/set-pizami/4325-sf-zenski-set-pizami-735065-hearts Не ми се нешто омилени, ама перени се и носени повеќе пати, не се мрднати.
@naturally можам и јас да потврдам за моделот кој го има и Аника, супер му е квалитетот и баш се удобни
Здраво, каде можам да купам во Скопје прекривач за спална соба кој од едната страна е како фротиркаа од другата како штепован јорган? Не знам дали најдобро објаснив. Сум ги купувала од Прилеп/Битола, но во Скопје не знам каде има такви продавници за ќебиња/прекривачи.
И јас се приклучувам кон Сара Фешн. Долната облека веќе им е крш и градници и гаќички и мачки све е аут. Али пижамиве за некое чудо им се супер. Сум ги купувала и оние најефтините и се квалитетни. Стружанка и Ситник во гтц
Kaде да најдам огледало со осветлување, сеисто дали во топки сијалици или да свети како рамка самото, битно да има од таа светлината за шминкање?
Од каде можам да купам чизми што се над колено, не мора штиклата да е висока. Некојаси средна или ниска висина.
Кожни чизми до колена освен во Пеко? Се решив да си купам некои квалитетни наместо да купувам на две години. Во Office shoes немаше баш избор.