Каде купувате онакви сакоа големи како фустан што личат за на чизми? Пробував со поголем број, но не изгледа убаво во рамениците, а не можам да најдам подолго
Види зара имаше доста такви модели. Ама не знам зш секоја една жена се има запнато во тие оверсајз сакоа мене ич не ме бендисват. Како калапирани сите исто, како мажите со костумите.
Ве молам за помош, во среда сум на прослава од работа во диско ритам ќе бидеме сите.. не знам што да облечам ни наоѓам некаде посебно..
Sizeer ги имаат овие исто така. Само треба да начекаш попуст - многу често знаат да пуштат на цела колекција 20% или некој фиксен износ како 1000 ден попуст на нарачка. Како и да е, овие модели (Spezial и Samba) скоро секаде се скапи, дури и во странство сум ги барала не сум можела да ги начекам на некој добар попуст.
А да си земеш fake od trend galaxy ? сите можни модели и бои ги имаат. Јас земав во летото, ги изнаносив да ти кажам, за ваму таму , за на долги стази не се реално, не се толку комотни ама за комбинации ептен ми се најдоја.
Девојки, потребна ми е добра чанта која има многу простор и повеќе џебови, но да може да се носи преку рамо/да има долга рачка (многу е битно ова). За мајка ми ми е потребна, жената е многу деликатна и не можам да најдам на ниедна страна каква што бара. По можност да е онлајн. Ви благодарам.
Има и поефтини опции што не се fake. Сега и пума и рибок а и најк гледам извадиле модели што се скоро исти како самбата а се многу поефтини. Колешка имаше купено рибок за 2000 и нешто и многу добро изгледаат.
Точно. Рибок имам купено и за 1700 На ананас има многу попуст на патики, патики што ги гледав по дуќаните што се по 5-6 илјади, цената им е упола на ананас