Барам да си купам класичен црн капут но да е најголем процент волна, од тие полиестерните ни една сезона не тера без бричење. Да препорачате бренд? Астибо, Зара гледам нешто но немам искуство.
Здраво Ајде и овде да прашам. Дали знаете некаде да се продаваат фустани за мајка и ќерка исти или слични или да споделите искуство ако сте шиеле некаде исти фустани.
Девојки, барам предлог за пижами кои се навистина, ама навистина квалитетни, да се памук, цена небитна. Без Сара Фешн, Бонати и Women's Secret зашто фрлив 4 пара последнава пола година искинати од перење развлечени или соберени.
На Јасмил? Од Стружанка последно имам земено, мислам имаат и страна на фб. Ехтрим интимо? Тритекс мм има неколку пара, сите погодени, детево исто, јас, женски немам, ама битребало да се ОК.
Јасмил не најдов 100% или 95% памук, вискоза им се, екстрим исто ретко имаат памук. Ќе ги проверам и другиве.
Од Екстрим интимо пред 1 месец фрлив пижами носени над 4 години, значи ги скапав носење и перење. Освен бојата што беше избледена, друга промена во материјалот немаше. https://mk.extremeintimo.com/e25k-92p102-d-3178-zhenska-pizhama Пример овие се 50% памук 50% модал што е исто некој вид на памук ама подобар. Имам и Yammamay два пара, не би ги препорачала нив.
Многу е убав материјалот, пријатен и лесен, јас само од Јасмил купувам сега. Најпогодени ми се, и најквалитетни. И од Сара Фешн имам ок се, само брзо бледнеат.
Имам од Зара 100% волна го земав 200е лани и супер е нема да згрешиш, последно земав околу иста цена горе долу од Манго 90% волна препорачувам (само кај нас веќе е се распорадено оди во Солун треба да има уште залихи траат попустите). Од Massimo Dutti ми се исто погодени и имат избор на баш класични модели, исто препорачувам и MONA.