Немој никако да купувате онлине од Персин гардероба особено ваков нежен фустан. Доколку сте во можност одете дирекно во продавницата во Куманово. За жал повеќето фустани се оштетени од госпоѓите кој што ја пробуваат гардеробата. Имаат мн убава гардероба и цените се многу прифатливи но најчесто овие свилени свечени фустани делуваат како износени бидејќи имаат извлечени конци, топчиња, пудри и слично. Јас сум купувала од продавницата и сум презадоволна. Не е ова лоша реклама туку најдобронамерен совет. Не се ни тие виновни што народот нема осет и се пика во 2 броја помало.
Не знам дали е за овде прашањето но да се обидам. Дали сте купувале чипка од женски пазар и колку чини? Потребно ми е за шиење фустан, цената со мој материјал е дупло поефтина но не знам колку се движат чипките. Можеби да има нешто и на sekogasdoterana, проверете на инстагрсм
Девојки, каде можам да најдам патна торба со димензии за рачен багаж во Wizz Air? По можност во Скопје, немам време да нарачувам онлајн.
Порано летните попусти беа од 15 јули до 15 август, сега и од нешто порано почнуваат. За Зара можеш да си ја симнеш апликацијата и да си следиш, онлајн попустот почнува ден пред попустот во продавници. Скоро сите куфери со S големина одговараат за рачен багаж. Мојот е од Обуча Метро, имаат продавница на Рекорд, презадоволна сум од куферчево. Беше околу 1500, а го утепав од носење, сигурно бил на 50 мои патувања, викенди и одмори. Ептен го препорачувам, марката е Enzo & Lorenzo.
Би сакала да прашам страна каде би можела да порачам Армани гардероба освен cityfashion? Дали постојат инстаграм фејзбук страни? Дали знаете?
Во Miss Spice ѕирни за ташни, обично секоја година имаат убави. А пешкири, во Стружанка. Побарај да ти ги покажат тие баш за на плажа што им се. Имаат едни преслатки што ги нудат секоја година, ко во пруги се и имаат реси на краевите. Како фротирка отприлика е материјалот и преубави се. Мојата веќе четврта или петта година по ред ја развозувам на одмор, нема мрднато. Би требало веќе да имаат и нови, секако ќе најдеш нешто убаво. Отприлика по 300-400 денари се, зависи од моделот.
Каде да најдам елегантни фустани слични како на сликите, сликите се за инспирација не мора ист модел да биде, ми е потребно само да има убав матерјал што стои структуриран, не многу тенок што не држи форма и се лепи на тело но не и многу дебел и да стои како картон, да е миди или долг, долги ракави или 3/4. Во Скопје или евентуално Куманово некој бутик, може и онлајн. За боја сум отворена за опции, моделот ми е поважен да е вака.