Ипанема не се тоа што беа. Квалитет никаков и не вредат едноставно. Ѕирни во Лоли (долу во ГТЦ), моментално имаш и солиден попуст на Верде (имаш и цени на ФБ).
Дали некој знае каде во Скопје можам да купам материјал за вакви панталони да сошијам? Или од стара чаршија/бит пазар од која продавница би можела да купам?
Дали по Скопјево некаде имате видено вакви фустани да се продаваат? Неформални да се, како за вечерно излегување.
Барав по темите за подароци ама не најдов соодветна. Што да и подарам на другарка бремена? Имам смислено отприлика ама сакам и нешто од облека слатко, дали имате сретнато нешто фустанче/блузи mommy to be? Или нешто друго интересно што ви оставило впечаток.
Секако ќе добие многу поклони за бебето, така да ти препорачувам да и купиш нешто што ќе биде само за неа, на пример природна козметика како масло за стрии или крема, некоја удобна облека или папучи, козметика за лице и сл. Еве на пример има една Инстаграм страница Ле Натура која продава природна козметика без хемикалии што можат и трудници да ја користат.Може има и други вакви страници, конкретно оваа ја знам.
Дали може препорака за термос шоља за кафе. Ми треба за на плажа, за планина. Битно ми е да не ми истекува ако се преврти или ја ставам во ранец.И се разбира нерѓосувачки челик да биде. Фала ви.
Јас имам од тука https://coolbottles.mk/product-category/tumblers/ Презадоволна сум, држи 36 часа ладно и мраз ако ставиш цел ден може да ти стои, исто и топло. Прв термос што не ми истекува вода, кафе чај. Препрезадоволна, мислам дека 2 ипол години душата му ја извадив кај сѐ не го влечам со мене.
Ако мене ме прашуваш, вреди за сите пари. На планини, на плажи, надвор кога излагам го мкнам, во парк со кучето кога одам, на испити влечено по ташни ранци, нема мрднато. Инаку од помалото имам јас мене тоа ми било доволно за тоа што јас го користам, најчесто кафе и чај.
Јас имам ваков од Карес: https://kares.mk/product/on-the-go/on-the-go-za-vo-dvizhenje/olympus-termos-300ml/ Засега сум задоволна, не претекува, држи топло и ладно. Е сега не знам која големина бараш, овој е 300 мл и е колку една чаша, мене за кафе ми е таман.
Освен Ојшо, која е некоја друга добра продавница кадешто можам да најдам спортска облека со таков квалитет како Ојшо? Сакам повеќе опции да имам да разгледам, да си купам уште еден пар хеланки и некој сет за вежбање.
Ве молам каде можам да најдам вакви рамни елегантни чевли, по можност онлајн?? Цел град го пребарав, никаде не можам да најдам, итно ми е. Најбитно ми е да се рамни и елегантни, може и некои други модели но да не се како за на плажа.
Ве молам предлог за бутици низ Скопје каде по нормална цена може да се најдат вакви и слични модели на класични бели фустани?