Женски сте виделе ли ваква јакна периодов? Секоја година секаде ги има, сега ми треба да си купам нова не можам нигде да најдам по моловиве Кожна да е со крзно внатре крем, кафеаво..
Јас од страдивариус имам купено, лани имаше сегде и зара , бершка, сега некои други модели само, а овие ми се најубави..
Има ваква слична во Бершка јас ја гледав онлајн, можеби ја има и во продавница, ако сакате @eliesaab @Darlingzz
Да се надополнам: во Сити Галери, од Калиопе си купив. Имаш црна, бела и сива. Велур, многу убава (се прилагодува странично, мене искрено и ова ми беше битно) и плус фина цена од 2500. Имаш и во Теранова, кожни. Но таму се преголеми броеви. XL па нагоре. Имаше S, но е поприлично широк модел. Ѕирни баш. @sani99 имаш попуст во Теранова на кафени кожни јакни.