Каде можам низ Скопје да најдам црн дуксер (машки) ама да биде обичен црн зошто сакам да испринтам нешто на дуксерот.
Мислам дека на некои места кај што принтаат можеш од кај нив да си земеш дуксер, така плус многу повеќе ти се исплати.
па имаше во трговски ама мислам дека тоа е веке затворено.Имаш сега на бит пазар.Мислам дека некаде до вип беше, ако грешам нека ти објасни некој подобро.
ИТНО!!! Барам вакви чизмички! Ве молам некој ако знае нека ми каже каде да најдам, затоа што се убив трчајки низ нашиве продавници и не сретнав. Благодарам!
Феминки, дали во К. Вода во некоја од продавниците за чевли има попусти или убави и ефтини чизми? Лани, карши средното школо Борис, имаше 2 пара за 1200 ден. Да не има случајно и сега исто??? Однапред фала!
феминки и јас барам ефтини чизми... не сакам од еко и елит минатата година си купив и сега не се за носење целите се искинати
На крај на секоја сезона ја има истата акција само сега е рано за попустот,некаде околу март би требало да има да пара чизми за 1200.
Во Аванти ги имаат намалено пред неколку дена, ама за по 200, 300ден. Значи тие што им беа по 1500 сега се 1200 и сл. Ама за поголем попуст ќе треба да почекаме
Девојки, не сакам да ви солам памет ама искрено да ве прашам нешто како ви се исплати да купувате ефтини чизми? Материјалот е катастрофа жива пластика, мирисаат ужасно, се распаѓаат за месец дена, а плус се штетни за ногата, може да предизвикаат не само плускавци и жуљеви него и деформитети. И се извинувам на Теа, не ја напаѓам лично ама направете си пресметка дали повеќе се исплати 3 пати по 600 денари да дадете или пак еднаш 2000 ама саглам да бидат.
Денес тоа што е скапо не значи дека е квалитетно, се имам и така зезнато. Во глобала секој има едни удобни квалитетни чевли, едни патики и уште неколку пара ефтини и по последна мода чевли. Освен тоа неможе секој да си пружи чевли од Геокс или други поскапи, реално сите сакаме да ја следиме модата ама па тоа многу кошта. Ретко кој има 2000 за чизми, 3500 за патики уште 2000 за штикли итн. Не ни е толкав стандардот.
tigerlady а кај има чизми од по 600 денари за да си купам и јас? Притоа да не е попуст. 3 пара за 600, да бе ќе купам јас лично зш да не ќе си ги менувам во разни бои. Оние од 2000 твои што за мене е просечна чизма пак кинеска да не ќе трае 5 години? Јас Бата да купам па нема да верувам дека се безвременски иако би лупнала 10 илјади. Или ете ви го Пеко, пола од чизмите се над 4000-5000 илјади а жалби има милион дека пропуштаат вода. Просечна цена на чизма е над 1500 во овој период во поефтините продавници. Јас би ти препорачала ТеаБ една обиколка на продавниците низ Кисела Вода, Трафик, Аванти ти е таму, имаш околу трафик уште 4 други продавници, имаш карши средното Борис уште 2 продавници. И сите имаат фини чизми од 1200 до кај 2000 просечно, може има некоја и над тоа. Поефтино шутка само.
Зарем 600 денари не се чизмите во Ил Камино, Аванти, Трафик??? Од лично искуство, јас имав чизми од Ил Камино, и се распаднаа после три носења на суво а требаше да бидат водоотпорни. Не одам до крајност да кажам дека скапо е секогаш квалитетно, ама нели е подобро да земеш еден пар кожни чизми кои ќе ти траат подолго??? Лани, во јануари во тоа до Пеко во ГТЦ имаше попуст и јас лично си одвоив од мои пари за да си купам чизми. Беа 2900 и до ден денес ми траат, ниту вода пропуштиле, ниту се распарале, ниту се распаднале. За патики, сандали, папучи никогаш не била голема сума на пари, јасно ми е колку вредат и колку се исплати. Но чизмите според мене треба да бидат квалитетни, затоа што ногата ти е затворена и со оглед на времето треба да ти биде заштитена. Гледам девојки со чизми за кои на километар се гледа дека не се квалитетни, кога чизмата не се ни витка,одам како во гипс да им е ногата. Зар вреди прва работа вака да го гнавиш стапалото само за да поминеш со чизма од 600 денари??? Поентата не ми беше дека треба секој да одвои импозантни суми на пари за чизми со кои ќе биде во тренд, него дека подобро е да се има квалитетни чизми па сакаш купи ги од Пеко, Бата или Геокс или од цигански пазар.
Во продавницата до т-мобајл кај Лептокарија има навистина голем избор на чизми и на штикла и рамни, претежно од Аванти.Е годинава им се поскапи од лани, веројатно дека почнаа луѓе да им одат.Чизми прсек е 1600-1800, а лани беа околу 1400-500.Само не очекувјте нешто порзлично, тоа што е низ град и тука е.Рамните чизми до колена веќе ко униформа станаа, сите се речиси исти.
Во Аванти сега се од 1200 ден до кај 1800 денари. Во Ил камино оваа година се поскапи чизмите ама ко кожни ми изгледаат. Е сега има од секаде лопи и добри чизми. Еве пред две години купив чизми од Шутка, едните се совршено здрави, ко нови, а другите малку се пододлепија од напред. Ги залепив и уште ќе фурам со нив. Од Ил камино лани купив едни еве ги добри се, пуштаат вода ама антилопски се, нормално е. Од Аванти имам 3 пара, 2 се уништија ,1 е добар. За Аванти можам да тврдам дека претежно ниските чизми не им се квалитетни ама оние на штикла се супер. И да јас сакам да имам 10пара од 600 денари, не едни од 6000, затоа што сакам да менувам. Па одам и на тоа ако ми се намократ, другиот ден други ќе облечам.
Јас имам купувано чизми до кај 1200-1300 ден,на пр. имав од Еуро азија траеа 1 сезона(почнаа вода да пуштаат)Имав од Албатрос се распаднаа за нецел месец,сега имам од Аванти и ок се сега за сега,ама јас обавезно ги носат на кондураџија ми става доле варена гума и не се лизгаат а и поцврсти се. Единствени чизми кои ги имам 2 година и за кои можам да речам е ова е чизма ми се едни кожни од Ексклузив до над колена.Ги земав 3000 на попуст ама конче не им фали,вода не пуштаат,доле имаат убава варена гума(не како лист тенки па по кондураџии да ги носам). Мене во Ил камино и во Трафик ептен ми смрдат на кинеско,незнам може така се погодило,ете лани едни земав цели крзно внатре од Ил Камино по спортски за на снег,не смрдат овие.Се знае асална чизма само кожна и со убава гума,а не сите се тенки тенки ем ке се истепаш по снег(како мене) ем ќе смрзеш.