Воопшто не сум за многу скапи обувки . Еве и зошто . Лани земав од Адамс чизми што истите ги имаше и во Пеко и Алпина за 3000 и нешто . Вториот пат ми пропуштија , а самата продавачка ми гарантираше .. жива се изедов . Жива . Дојде оваа зима и си земав од Адесо , слични на тимберлендки ( вака се викаа ? ) за 2200 . Пред некој ден коа заврна искочив да ги проверам и не пропуштаат . Од Грејдер се и вакви слични , горе имаат бело само , за 2000 . Не се мој стил ама не можам секој ден со бари во чорапите да си доаѓам дома . Ништо не гарантира дека се квалитетни . Другарка моја зема од тимберленд годинава , 6000 даде и и пропуштија .
Девојки да не сте налетеле негде во Скопје на убава дебела зимска пелерина? Уште ако има црна или крем супер би било... М?
Тајгерлејди,бре па не може секоја да има квалитетна чизма.Кој сака да си ги криви нозете во неквалитетни чизми,ако има нека се јави некој.Некои едвај сврзуваат крај со крај,па и чизма од 600 ден е премија,така да размислете нешто пред да напишете.Секој не може да одвои 2000 дури и цела година да штеди
Деновиве барам чизми за снег и тешко ми оди ! Не можам да си најдам некои што ќе ми бидат по мерак, да бидам искрена многу помалце гледам на квалитетот отколку на естетскиот изглед на чизмата, а знам дека најважо од се е да не пропуштаат! А и немам баш искуство со чизми за снег, а и изборот не ми се допаѓа баш ! Да требаше штикли да си купам гарант досега ќе беа одбрани,ама вака кога треба да купам нешто кое не ми е по ќејф а морам да го имам, искено тешко ми оди! Ги гледав тие во Џордан (бели,црни, сиви) ги имаше многу, ама па не ми се допаѓаат баш! Ми фатија око едни, не се лоши ама немам врска дали се соодветни за снег! Де кажете вие што мислите, ќе ги биди ли или нозете пак утоп ќе ми бидат! Советувајте дур не сум ги купила!
Ќе ги биде овие,јас мислам супер се за на снег.Јас лани си купив од Ил Камино,и исто не гледав толку како ќе изгледаат (нормално да ми се допаѓаат) ама сепак да бидат добри за снег.Моите се слични,внатре цели се крзно а од надвор како шушкаво е матријалчето,и гумата е тука негде.Добри се :up:
И јас си земав од овие 2200 само моите се на тегет боја, сеуште ги немам носено, но очекувам да не ми е ладно со нив на снег. А и за тоа дека не пропуштаат Тимберленд сигурна сум, бидејќи се квалитет.
^ Денес конечно ќе си земам вакви. Мислење, потемни или посветли да си земам? Јас сум за посветлите ама и потемните се убави. И каде да си најдам ваков фустан? Црн, нааајобичен со 3/4 ракави.
Нешто вакво, само џемперасто(не е памучно, малку е подебелко) со пуфкасти ракави ми купила мајка ми од некоја Кинеска продавница во Кисела Вода. Поим немам јас кај е, ама ако знаеш оди провери си. Фуснтачето е стварно убаво, а колку што разбрав 700 денари го купила.
Евроазија имаш во Веро , ГТЦ најгоре и Рамстор . Има облека од Бершка таму ама мислам дека нема нови колекции , ако грешам нека ме поправи некоја феминка
Ми требаат обични прерамки за градници, имам некои постари и ништо не им фали освен нови прерамки ама никако да најдам..на пазар (зелен и бит) има силиконски, а најобични нема или јас не сум го потрефила местото каде да барам. Некој да не знае каде има?
Во однос на муабетот за чизмите, моите се од Баргала, значи македонско производство, и четврта година како траат. Кондура се знае дека најубаво е да е кожа, точка. Лакирана, превртена, шо сака нека е, нема подобро од кожа. Е сеа, не може сите да имаме по пеес пара, дали чизми дали салонки, па и сите да се италијанска кожа и да коштаат бог зна колку. Факт е дека има чизми што изгледаат ко пластични, ама не секој може да одвои купче пари за пар чизми. И баш затоа муабетот не е на место. Тимберленд има оригинал, и откако Тони Фен ги заносе почна секој дуќан да носи, макар и имитации од пластика. И Тимберленд чизма не пропушта, не ме убедува никој во тоа.