Јас денес си купив од Калиопе 2500 ден кафеава, ама има крзно само на капата. Долго време барав а оваа ептен случајно ја начекав, сите што ги гледав беа безвезе, најлонски, светкави, со едно смешно надувано околу вратот ,кога ги пробав како елек за спасување ми изгледаше, тоа во вода да паднеш како балон ке се издуваш
Ретко ми се случува љубов на прв поглед, ама тоа е ова Spoiler Од Зара се. Ако некој шетнал до Солун да не знае како се цените на чизмите во Зара? Или кај нас да има ваков модел некаде?
Женски за саат време ќе одам до центар, да не се мачам да си прашам: Убаво фустанче со долги ракави, не многу свечено, од подебел материјал, каде?? Побрзо кажете ми
Девојки во Peacocks видов вакво само беше тигресто, а јас сакам црно ... да не имате сретнато некаде?
не знам кои продавници ги има во скопските трговски центри Spoiler сорри ако нема никој од наведениве дукани и не сум од помос мегутоа во последните колекции на zara, esprit, h&m, vila.. се застапени овие модели
Нешто слично на второто видов денес на излог во тоа Креативо мислам дека се викаше во ГТЦ, со такви ракави ама околу вратот имаше мислам нешто кожено и не ми се допадна ради тоа
^ НЕ НЕ НЕ не губете време во Креативо!!! 4000 денари е. Но истото, потполно истото го има во ГТЦ втор кат, во продавницата од страната на Елит но на излез од ГТЦ накај плоштад. Во продавницата има многу фустани многу. Пред Ексима доаѓа. Истиот фустан чини 2100 денари. Со другарка се "каравме" која да го купи, победи она и требаше за свадба. Баш е типски фустанот поткренати раменици и кожичките се ТОП! И во двете продавници стои на излог, едната е приземје, другата е 2ри спрат. Разлика 1900 денари. Мама миа... Освен Креативо и до Ботони продавницата за фустани е изгор а истите ги има и на други места. Летото барајки за свадба во Кисела вода фустан 1600, во оваа 4500. Дал се нормални?
^Вториот модел го ставив онака не баш таков (барам таков материјал по можност), како за мои години ми треба како првиот. Вториот го препуштам на повозрасните девојки нив подобро ќе им стои Инаку 2 бутика во ист трговски, разлика во цената огромна, е овој од Креативо бил купен, другиов од не толку познат дуќан јака ствар, има многу така што размислуваат и наместо да го прошетаат цел трговски одат во да речеме најпознатите дуќани па после им е криво. Последен пат кога влегов ја видов Аделина Тахири зеде фустан за 2000 денари на попуст продавачката се јавуваше да прашува, а којзнае колку бил кога го стави на касата тоа што е си претпоставив дека сигурно е дупло повеќе од тоа...значи цените се ептен хиперболизирани.
Плавуша незнам дали ке ти биде од помош, но имам една пријателка на фб жената шие по нарачки и претежно вакви фустанчиња иам гледано на сликите што ги објавува мене требаше да ми шие нешто слично само со отворен грб за некои 1200тини ден. само мене ми беше за побрзо а беше зафатена.http://www.facebook.com/profile.php?id=100000508058901 поздрав
Девојки немам излезено да побарам па да не знаете точно каде има да не се врткам низ град.. Чорапчиња над колена само дебелина како греачите, нешто вака само по дебели Другарка барала во продавницине кај пазарче што се за чорапи и и кажале дека нема, а ми спомнаа дека има во New Yorker само јас сеуште немам проверено... се надевам ме сфативте