кај да најдам убава чанта ,со долга рачка ,која може да се носи на страна ,големка да е не мала и кафеава кремова ,ај ве молам ако сте виделе некаде пишете
Јас од доста време барам зелени фармерки. Ама убаво зелено-тревисто Еве таков тип, али зелено, нели... Вакво зелено... Летово видов во Охрид, али беа 2000 и нешто денари...некако не ми се дават толку пари за фармерки... Дали некој знае каде има такви, па и на попуст плус
Ј.Ивановска имаше во Евроазија 500 денари, ги меркав ама не ги земав, не знам може има уште провери си.
Ивановска видов фармерки во боја во Калиопе само не ми текнува дали оваа боја ја имаше и мислам дека не беа многу скапи . Не ти дадов никаква информација ама ако поминуваш случајно во Рамстор може да видиш . А ништо чудно и во Еко или Елит да најдеш
Во вторникот поминував во Веро и видов во NewYorker исти такви фармерки како што ти бараш. Само што цената не ја запамтив :/
За искачање ако мислиш на фустанче, штикли и у провод купи си црна ташна плик имаш сегде секакви модели во ГТЦ види во Ботони, тие продавничките натаму што се има избор, впрочем има сегде ташнички плик, најскладна ти е за вечерни искачања, другите ташни се повеќе дневни
Видов во Сара Фешн во новото во Џамбо баш и змија и тигарски принт беа многу ефтино намалени по 130 денари..
Ја си зедов такви, лилави, овча кожа, со волна внатре, од Евроазија, 2000 ден., и на нив и на кутијата стои угг...чудно ми беше дали се оригинал, ама се, ги најдов истите на нет...плус топлат ненормално многу, ја сум презадоволна, најискрено...прекрасни се...
Девојки барам вакви обични еднобојни блузички со ракави, уз тело, отворени околу вратот. Ако сте виделе некаде пишете ми. Фала однапред.
Девојки каде низ градов има убави и квалитетни марами и шалови, за повозрасни жени, по можност свилени или кашмир? Значи несакам да купувам од пазар, марамата ми треба за подарок, па би сакала да е поквалитетна, и од прилика која цена се движат? И која цена се двишат филигранските брошеви, одприлка 10 саниметри што се широки? Ме интересира конкретно за пеперуткиве , а може и некој друг облик.
Најубава убави квалитетни марами има во Акцесорајз,ако си спремна да дадеш од 1000 до 1600 денари за марама,тогаш таму сигурно ќе најдеш. А сакав да ве обавестам сите што сакавте фустан на едно раме со долг ракав.Има во Теранова црн и преубава мастило боја.Ама под рамето имаше ко со монистра извезено,ни мање ни више-виолински клуч и нота! Ми се скисели фацата кога видов таман мислев дека го пронајдов,али у секој случај можда немаме ист вкус..Поминете видете .