Девојки јас пак досаѓам, ме интересира дали некоја била во Еуроазија деновиве и дали има уште од зелените и виолетовите фармерки на попуст по 300-400 денари беа? И во која продавница во Гтц, Веро центар или Рамстор? Сакам да си купам и да знам кај да барам.
Најубава во ГТЦ гледав јас минатата недела имаше. А да и во Рамстор имаше, каде повеќе ти одговара таму види си. ПО 499 денари беа. А да морам да си кажам дека кој има задник нема да му го собере во фармеркиве До бутки успеав да ги облечам нагоре никако.
Ме собираат мене, имам исти такви, од таа колекција, ги купив минатата зима, само кафени и ми се супер, малце им е понизок струкот јас пре би некој сантим повисоки да се, ама зима е со боди или подолг џемпер/блузичка се ОК. Епа супер утре ќе идам да си купам .
Хеланки како фармерки има во Пенти и не се скапи мислам дека се околу 300 ама не ме фаќајте за збор за ценава. А ЛаБела такви чорапки има сегде...ама баш сегде.Теранова,Пикокс,Евроазија,Калзедонија,Акцесорајз,ЊуЈоркер...гарант и во Пенти има.
Да, сме виделе ама само на интернет Среќичка па ти сакаш чанта ко на Бекамка. И јас сакам ама ... Не верувам дека има копија негде на Hermes Birkin.
^Случајно, при поминување видов многу слична кај еден уличен продавач пред зелено пазарче, веднаш до автобуската станица. Постојано е тука, но како ќе начекаш...
последни што ми се купени од таму обични плав тексас беа 3.600. а има и во разни бои тие мислам дека беа поевтини. може се малце поскапички ама поквалитетен мек тексас кај нас не сум нашла. и после перење пак се убави, не се крути.
Jaс си зедов светло виолоетови фармерки вчера од Еуроазија , супер се. Малце со понизок струк ама со боди ги носам и 499 беа ..Тесни се како што барав и се израадував што ме собра во нив . Кое неизвесно чувство беше ме собра 36ка ејј
на зелено пазарче, на бит пазар, на шутка се по 150 ден најмногу, ако сакаш некое поскапо има во акцесорис ама најарно види на зелено пазарче, братучедка ми си купила сиво одф таму
На влезот во чаршија од кај Стоковна куќа мост. После СКМ кога одиш од плоштад во чаршија, веднаш од лева страна има едно мало старо продавниче за гардероба за постари и прекривки (кебиња и јоргани) тука плисираат мислам. Ако не прошетај низ чаршија сигурно има уште негде, зошто знам дека сум гледала таму.