Инес фармерки ефтини имаш во продавницата во ГТЦ на крај што е карши Соравија . На крај кога идеш од плоштад . Има претежно фармерки Дузи јас солидни ташни во Елит видов , по 700-800 Не беа лоши , јас немав пари тогаш
Добро, јас сум луда изглеа што фрлам повеќе пари за ташни. Каков е изборот на ташните во Елит? Убави се, асални? Да не биде ко кинескине чкартоини, два пати носи ги и после прешивај рачки и крпи дупки!
Каде има голем избор на ракавици? Сакам црни како плишани да бидат нешто како ова али целите да бидат така пуфласти како на почетокот
Значо барам фустан, тесен, до коленици, еднобоен, сеедно која боја... Ракав долг или 3/4, и V изрез. Најобичен, клот. Не туника како ѕвонче, pencil да е, струкиран, каифче да додадам. Help?
Па моја другарка има една веќе година дена и супер се држи како што гледам Мене ми се супер , не сакам ептен накинџурени и затоа ми се убави
Порано имам купувано, сега одамна не сум земала од таму, ама тие што сум ги имала јас, сите се искинале од носење по некое време, барем 1 до 2 години. Средно и факултет ги поминав со ташни купени од Еко и Елит, и не памтам да сум купила ташна и одма да се скине. Впрочем треба да процениш сама, можеш да видиш дали е добро направена или не, дали е поцврст материјал или не е. Имам ташнички за искачање купени уште пред 4-5 години и сеуште се во одлична состојба. Не мора да значи дека ако се поефтини, како што викаш, дека не чинат. Точно дека нема да ти трае како оригинал кожна, но ќе ти заврши работа. Ако добро процениш и избереш.
Јас имам ташна од елит и тоа 600 ја земав пред 2 години и повеќе, а ја носам уште и не ми се има скинато ич така да купувај не се мисли...квалитетни се
Кожни чизми, квалитетни. Гледав во Пеко, годинешниве модели се катастрофа, во Бисер ,најдов три модела од Биана, но нема борјчиња Да не знаете каде можам да барам во ГТЦ , Беверли...?
Кожни чизми со солиден квалитет има во Спас Комерц во Автокоманда (мислам дека и во Ченто има продавница). Македонско производство се, има и до глуждови и високи, високите се мислам над 4500 (јас лани купив од Биана од таму, 4500 беа).
Ти благодарам Лионесс, слушнав дека има продавници некаде низ Автокоманда, но многу ми е далеку Се спремам денес низ ГТЦ да барам продавница каде има на Биана, знам за Дора, па да видам освен неа и друга дали ќе се најде, ако некој знае нека ја олесни потрагата
Гледав во една бижутерија во редот на Euroasia. Не ми текнува како се вика, знам само дека на стаклата има залепено „Се на пола цена“.
Во ГТЦ чевли на Biana има во продавница пред Соравија десно во пролазот (кога се движиш од Плоштад накај Холидеј Ин) , спроти неа има и чевлар.
Таа Биана до чевларот кај поранешно Жито Лукс е Биана трејд, тие имаат постарински модели. Биана Шус има во Дора, во Свон шус и во Спас комерц. Еве линкови најдете си во инфо кај им се продавниците http://www.facebook.com/swan.shoes http://www.facebook.com/spaskomerc A Дора има ГТЦ подрум и ГТЦ со поглед на жена парк.