Каде сакаш, секаде ги има овие бои, преплавено е Скопје со кафено, крем, портокалово, а за стандардните црно и бело не правам муабет. Јас сакав да си купам син капут, ама таква, мат сина, и ми го купиле бројчето. Се изнервирав. Да не има некој ѕирнато некое такво капутче, како ѓубретарка сакам... само не ми го спомнувајте тој од Пикокс или тој од Њујоркер. Убави се како модел ама неверојатно се тенки.
Фала Дози, немам побарано сеа последниов период ме степа желба за кафеаво палто. А за плав капут видов последниот пат кога бев во Шутка, значи пред 2 недели Убава плава Нешто вака http://www.tally-weijl.com/collection/p ... /5661.html Средна должина мислам дека беше 1300 Верувам дека ги има истите во Еко, Елит така да ако ти прави некоја разлика
http://www.tally-weijl.com/collection/p ... /5652.html Сакам со вакви копчиња, и да не биде струкирано, само обично палто. А, бе, ѓубретарки ги викаат тие, не знам како се викаат на англиски да ги гуглам. Ако знае некој, нека го просветли студентов што студира англиски и не знае како се викаат капутчињава. Ја размислував и опцијата да шијам, само не знам дали воопшто се исплаќа. Плус ако не ми го погодат моделот, ќе треба да се карам. ЕДИТ - НАЈДОВ како се викаат ѓубрињава. Duffle coat!
Јас најдов фустанче какво што барав а одговор не добив, побарав по дуќани и завршив работа. Женски, бело сако??? Итно ми е ова, ако имате видено...
не сум видела никаде бело сако, денес баш бев низ градов... Туку неможам да си најдам тренерки, црни, обични, поефтинки, ама да се квалитетни. До кај 2000 ден да се од прилика??? Фала многуууу !!!
Дали можи некој да ми кажи бутици во Скопје( и нивна локација) каде што има поефтина облека.И дали во Шутка има убави работи и доста ефтини?
Наредната недела ќе одам во Скопје и барам да си купам ваков фустан т.е. овај крој.Каде можам да најдам а да не биди Шутка бидејќи неам многу време за таму да шетам..а и на попуст да биди ако можи?
Каде да најдам убав, дебел дуксер без многу апликации и светки? Да не е нешто ептен скап, по можност. Е сега за чизми знам дека има секаде, ама ми требаат квалитетни, топли чизми кои нема да пропуштаат фала Богу. За цена не е многу важно, ама да не се 5000.