26-ти јули. Инаку да, има на Битпазар, веднаш кај автобуските, две поголеми продавници се, чизмите им беа од 1000 (пониските) до 1400 мислам.
Чизми како што бараш ти до 1000 денари барај во Шутка. Зашто во едно Аванти каде се едни од поефтините кондури во градов се 1600, 1700 на друго место не очекувај помалку. Единствено ако не ти се брза па да си купиш во Јануари/Февруари на попуст кога сегде се околу 1000 ден
Hи во шутка нема за 1000ка последниот пат кога бев, па може да се каже чизмите беа поскапи од 1000денари
Баш бев денес ама не за шопинг за нешто друго ама ај си викам да разгледам онака чисто љубопитна бев!! Чизмите не беа повише од 1000ка.. дури имаше многу убави оксфордки се заљубив за 700 денари..
Moжеби сега им паднала цената, ам абеа 1500 денари јас кога бев чизма на штикла тие цени беа 1300-1500
ваква во полиција! шала на страна кај Вучко има ама околу 1 април. ако не ти се чека фрли се на шиење.
Каде во Скопјево има некои фустанчиња, нормални, не од оние со шљокици на сите страни претерано сатенски и не знам ти какви материјали? Сакам нешто по обично ама сепак до негде елегантно, не е битна цена. Па пошто не сум од Скопје, а ке одам во скоро време, ако можете да издвоите каде имате видено и каде јас да побарам. Благодарам однапред
Фала најмногууууууууууууу идам викендов до шутка се надевам нешто ќе најдам по моја желба AКо некој знае и неш плус мн ќе ми помогне за у центаров некаде...значи кафени чизми до колена до 1000 ден ама да не мора да ги носам на лепење секој 2 ден Иначе јас пак замарам...значи навистина ми е потребна помош од вас.Значи една многу блиска пријателка која иначе е пуничка бааги неможе никако да си најде нешто за себе и многу ми е глупо...дури пробуваше пантолони како фармерки 52ка и мали и беа...иначе е во зрели па и може ко стари години хх...Ве молам..нешто ко за жена од 50-55 години големи броеви? Бидете хумани
Девојки дали видел некој тренерки адидас како од рекламата на One што ги носи бабата горна црвена, долни бели
Има големи бројчиња во еден бутик спроти гратска болница до жито лукс се наоѓа,на автобуската кога се иде за накај зелен пазар на кошот се наоѓа(се надевам добро објаснив)и ти помогнав.
Феминки, ве молам за помош! Каде да си најдам САКО ама да не е црно/тегет/крем? Во некоја повпечатлива боја да е и пристојна цена.
Сигурно го има во Манго кај нас? Вчера поминав таму и ваков модел не приметив..инаку не сум видела сличен на друго место.
Каде да си купам убави пижамчиња и по поприступачна цена,не од 1200 ден Само да кажам не сакам онакви Стружанка стил,сакам поинтересни,тесни не широки,м?
Каде да си купам гумени чизми ама само доле да се гумени не цели помош феминки ке ми требаат ќе одам на планина
Теранова, 1200 мислам дека беше, баш завчера видов. Има и во Евроазија, ама мислам дека други нијанси само, црвена не видов.