Ако си од Скопје, видов тука во Лептокарија на аголот што е продавницата одма до Т-Мобиле или оди на Бит Пазар има во тие продавниците за чевли што се
Сакам оригиналка ако најдам на некое дрво пари шворц со големо ш моментално ,шала на страна негде на др место освем на шутка низ гтц некое бош продавниче ???
Не би требало во ГТЦ да има вакви работи кои не се оригинал, освен во тие Еко, Елит, не сум била и не ме зимај за збор, не знам. Во Шутка сестра ми 1200 зема јас поубави тренерки во живот не сум облекла. Без знакчиња и глупости има секаде. Њу Јоркер имаше порано убаво модели.
Епа во тинексот во Ѓорче горе има тренерки секакви , нормално не се оригинали .. по 1100 , 1200 денари И во Шутка има ама не знам колку пари се
Известувања за нови колекции, попусти, распродажби, промоции Сако, црно или кремасто (попожелно е црно), до 1000 денари негде? Ќе најдам или погрешна математика сум удрила?
Пред некој ден поминав на зелен пазар, тренерки, тренерки, тренерки... колку ти душа сака. Од 1000 до 1500 зависи модел. Преубави модели. Ако ви се фрла пари купете си оригинал, а ако не ете Шутка, бит пазар, зелен пазар што ви е поблиску тркнете ќе видите избор премногу има. Во продавниците може слични да најдете, ама може и за некоја стотка поскапи и сигурно нема толку модели ко на пазар. А истите се всушност. Јас си купив розеви ко тие погоре од сликата за 1000ка пред неколку месеци од бит пазар
Каде да најдам светки? Ама оние светки, како прашок што се? Знам како мала имав во мали тубички, ама сега никаде не можам да најдам.
Девојки кај да најдам низ Ск убав корсет ??? Ама не онака обичен . . . Сакам така ко со жици шо е онај ... http://e.fashiocdn.com/images/entities/ ... 65x365.jpg Ваков на пример
Вакви видов во продавничката на почеток на ГТЦ , кога одиш од плоштад , на ќош што е . Вакви црни земав јас , околу 170 беа мислам дека Ама сигурно и во Пенти ќе најдеш и на пазар
^^^ Побарај и во Санда. Таму има еднобојни дебели хулахопки во разни бои, може има нешто слично. А јас барам некоја лепршава кошула. Потенка. Со широки ракави Нешто слично на ова. Бојата не е важна