Старфиш ги има скоро во сите продавници за долна облека, барем јас такво искуство имам. Од Струмица ги земав моите, ама има во најобични продавници за долна облека ќе најдеш.
Spoiler Маја јас пред неколку години купив вакво ко второво многу слично од ГТЦ од тогашните продавнички за долна облека, која беше Бог ме убио не ми текнува, го земав окулу 1000 со танга и подвезици, може и поефтино да беше. Но не ми беше тоа поентата, пред неколку месеци кога си купував гаќички на Зелен пазар видов скоро идентично ко моето, може и исто да беше, 350 беше со гаќички 600 со подвезици. Така да ако не ти гадно, и ако носиш пазарска долна облека, побарај по овие тезги би требало да најдеш. Старфиш види и ти на зелен пазар, јас летово си купив од таму за на една маичка со отворен грб, и неколку пати го носев и ОК беше, не ми паѓаше. Ама се мислам дека зависи од големината на градите јас имам мали гради 75/80 и бев задоволна, а другарка која купи исто но има поголема гради не и се погоди ич, во дискотека во ВЦ го извади и го фрли. Така да ако имаш поголеми гради барај некое поквалитетно, овие поефтиниве и не се којзнае колку практични и квалитетни. Бреј, се познава дека долна облека редовно пазарам од зелен пазар а?
Не сум многу надарена, ќе држат за држење, барем така мислам. Инаку не очекував дека ќе ми кажете дека се до 300 денари, изгледа сум се излажала јас нешто. А проверив во неколку продавнички и немаше, беа со силконска лентичка позади, а јас сакам само вака, обични. Ќе проверам во Џамбо.
Цимерката денес си купи нешто слично како првиот, ама ракавите му беа чипкасти и од позади исто така чипкасто ама не толку длабоко како на сликата, туку некаде до средина на грбот Црн е , тенок материјал, од Калиопе , цена не знам не ја прашав едит: цена 1000ка
Старфиш има на зелено пазарче на тезгите за долна облека, околу 300 ден. се, мене ме служи веќе година
Каде можам да најдам едноставни еднобојни кратки пантолчиња? ( може и свилени, ама дебела свила) По можност в Центар, да не се врткам многу настрана...
вчера се вратиф од франција и си донесов многу гардероба фатиф попуст а за тука не знам ве молам кажете дека има попуст
девојки а да не знаете каде можам да најдам кратки панталончиња ама зимски за со хулахопки,сакам да се така поширочки да не се тесни....и да се со подебел материјал...ај ве молам ако сте виделе некаде ...ептен сакам да си купам фала однапред
вакви потполно исти како што ги опиша има во Евроазија,црни со бели точки и на кафеаво мислам дека имаше,а и не беа многу скапи накај 400 денари мислам дека беа.
како второво имам јас ама крем боја и сите нијанси на кафено мн е убаво ама ми е од летото од бершка од солун сега не знам каде би можело да има....може низ евроазија ....да си видиш
За неколку дена ќе одам во Скопје па сакав да разгледам штикли нешто за нова година.Ми требат кремови високи потпетици со висока платформа или нешто како шампањ добра боја да не се она граова или прмногу темно кремово ама не се на одмет и тие Ако имате негде сретнато ве молам кажете ми да не се моткам натаки наваки и онака нема да бидам долгоо
Не ми се верува шо пишувам, али пошо е под клуч соодветната тема, ми треба елче помало, 80 цм, метар, не знам... Не е за нас дома и неаме купено сто години па појма неам кај има ни колку пари е.
Aко си од Скопје, оди на пластичарската улица. Има елки од сите големини и најефтини се таму. Колку што памтам елкичка од метро и 20, беше 600 денари.
Види во Аванти во Стара Чаршија, 1200 денари се, а има секакви бои и нијанси. Имаш и по другите продавници низ ГТЦ ама тие се малку поскапи