Видов во NewYorker карши гардеробитe. Ептен беа забутани, малце потруди се да ги најдеш А со сигурност има Ете ме превари Маја
Девојќи, постојат ли хеланки кои изгледаат како дизајнирани хулахопки? Ако да, постојат ли некаде во Скопје?
Па не би одговарале многу многу. Ми требаат за под залепан, -малку над коленици- фустан, па морам некако да го скријам целулитот де
Здраво, јас сум нова на форумов, па ме интересира каде можам да најдам машки часовник или друг добар подарок за Новагодина? Некоја пристојна цена до 2000ден, не мора марка ама да не биде ни од пазар Позз и ви благодарам
Јас барав во Скопје ненајдов ама најдов во мојот град Пробиштип,барав пред месец дена во Ск ненајдов а сакав да си земам други бидејки овие ми се скоро 3 години хеланки кои се доста квалитетни а и не се скапи околу 300 ден се поз ако сакаш не повеке пиши ми ке ти пратам слика за да ти покажам какви се и дали сакаш такви
Знам дека е малку глуаво прашањево ама каде можам да најдам ногарки за елка? Само што решив да ја накитам и видов дека и фали ногарка.
За тие што бараа ваков фустан незнам дали баш ке успеам да ви објаснам, денес на поминување загледав ваков ама ЦРВЕН на излог во една продавничка карши Јосип Броз, хмм.. има два кафича не знам како се викаат и измеѓу нив е продавничката , ако не се лажам од три букви беше , UNA или така некако. Е сега незнам што материјал е, многу тенок изгледа а башка и црвен, ама ако ви е успат видете може има црн.
Ти благодарам мила Јас го поставив прашањето баш за ваков фустан како на сликава.Се надевам дека имаат и црн.Одам утре да видам,знам каде е продавницата. Поздрав
Можеш да најдеш во секоја продавничка за македноски производи... Ги има кај ЈБТ во редот одма по скалички нагоре, спроти основното Димитар Миладинов кај црвен крст, во кисела вода...По пристапни цени околу 200 ден. А за кожни хеланки незнам А јас сакав да ве прашам каде можам да најдам сако како на девојкава?? Видов една другарка има и се заљубив на прв поглед