Девојки, материјали за шиење освен на Бит пазар кај има? Некаде во центар прашувам. Матекс ко што знам е затворено, а Бит ми е малце далеку.
Девојки дали можи да ми пишете во пошта, онлине продавници каде можам да си купам фустан за нова година,или пак да ми предложите бутици кои имаат профили на фб па доколку ми се допадне нешто да си нарачам бидејки не можам да најдам фустан за нова година
Девојки,ако нешто барате,обратете се кај Nevermore. По кратка постапка го решава проблемот Значи, во продавничкавa има ваков фустан и други модели и тоа по цена од 500-1000 денари! Ти благодарам Nevermore
леле девојки колку ви е ефтино вас во скопје,како што можам да прочитам на темава,во охрид е изгор и тоа за некој безвеза парчиња на облека,буквално ти требаат 5000денари за еден фустан и кондури.дај некоја скопјанка нека ми купи едно чипкено фустанче и црвени плафонки!!!!!!
каде да си купам шалвари ама да на се слецени со ластик трудницки на појасот и по мозност да се кремасти итно ми е девојки помагајте?утре одам низ гтц па да знам каде да барам
Каде можам да најдам убави зимски чизми, онакви за на снег, само не сум многу при пари, да се до околу 2000? Еве вакви модели отприлика (како тие под број 3)
Девојки каде да си најдам вакви штикли, само по можност да се плишани или пак да не светат толку многу?
Секаде. Во Аванти има плишани ако сакаш Еве слика На Бит пазар на самата станица има продавница за чевли, и има неколку модели на црвени штикли. После во Кисела Вода накај Трафик тие продавници. Цените од 1000-2000 ден.
Nevermore е членка. А фустаните се наоѓаат во бутикот UNA, прочитај уште еднаш она што си го цитирала.
Девојки случајно да не сте оделе во calliope деновиве? има ли вакво џемперче или негде на друго место да не сте виделе? Плисссс хелпппп
Некој случајно да не видел некаде вакви штикли? И по која цена отприлика и дали тоа било одамна или сеа брзо?
кратко црно палтенце не е болеро значи,него како палтенце сако кратко до под гради некаде....видел некој некаде?
Ваков модел наоѓаш, не се секирај. Ќе ти ги посочам Аванти(1200 ден), она малото продавниче на ќошот спроти кино милениум (1400 или 1600 ден, не сум сигурна), ил камино само со пониска штикла... За овие продавници сум сигурна, ама нема шанса да ненајдеш, градов е преплавен од овој модел алијас Лобутинки, а види во темата направи сам, имаш идеја од една феминка, па можеби можеш стари чевли да ги претвориш во вакви.
Не знам која сум по ред што прашува.Ве молам ако знае некој нека помага.Немам многу време за шеткање,Каде да најдам од тие фустанчиња со гол грб,чипкаст?