Тие што знаат да ја посетат шутка,и да пазарат и таму понекогаш,слободно нека одат,јас бев викендов со дечко ми(он пазареше), и ќе се утепав што немав пари во мене, мисла дека цела шутка ќе ја купев, тоа е нешто ненормално колку евтино, а извбор незнаеш кај да се свртиш. Крзнени елечиња- 600-800ден Крзнени бунди 1100ден Чизми лудница, 650-1500ден Пончо 600ден Џемпери од 500-1000ден Хеланки во сите бои 200ден Фустанчиња свечени 600-1800ден.
Кој си бара зимски чизми како тие што ги постирав во претходниот пост, нека оди во Маниа и Ранерс во ГТЦ, убави модели имаат до 2000. А во Катерпилар, Алпина, Конверс и Офис Шус има преубави и преквалитетни, само што се од 4000 нагоре.
Планирам да појдам на шопинг во Скојпе.. Вака пред нова година. Па ме интересира дали има пред новогодишни попусти и каде можам да најдам добри штикли?
Девојки, каде низ Скопјево да најдам убави машки капути и кошули ? Кажете ми некое конкретно место каде да барам, ограничена сум со време.
Денес шетав низ продавници. Во Ил Камино има светкави сребрени, златни, бронзени и сиви, ама не се на волку висока платформа. Всушност немаат платформа, ама штиклата е висока. Мислам дека беа 1400 денари .
Девојки ми треба фустанче за НГ ама немам време да шетам и барам. Што да правам испити се во прашање . Сакам бело фустанче со апликација напред, не многу кратко, нормално, на долги или четврт ракави. Ако имате сретнато нешто слично известете ме.
не ме забележа никој кратко црно палтенце ??ама кратко до под градите така кратко,,,како болерце ама не е па болеро..
Јас би ти препорачала нешто од македонско производство, кожени има преубави ама така троа поскапи во Дора во ГТЦ долу на приземје, некои од Биана (Кумановски) или Пеко. Јас планирам да си земам едни асални ама после НГ ке бидат многу поефтини. Така да ако ти се за стално носење подобро почекај после НГ, а ако ти се за пречекот купи си некои поефтини, така за чат-пат.
Бев во Аванти во Кисела Вода она, ги пробав и многу беа незгодни за одење. Како и да е, едни други си купив сиви зашто не најдов вакви. Фала девојки
http://www.bigriggs.com/CurvyGirlPhotos ... ts_360.jpg Ми требаат вакви ама кратки. Значи сакам високи до гради, црни и кратки Каде можам да најдам?