Пак јас... Кошула, ама анимал принт, боја плава, материјал овие потенките што се. Сте сретнале некаде? Нешто слично на овИЕ ама да биде плава
Да, во Еуроазија имаше едно кратко до под градите црно, со шљокици Хахахах кај ми текна зборовв! Ама сепак, таму имаше и ја сакав да си го купам тоолку многу ама многу беше скапо за мене, над 1500 и ја си реков ај ке чекам после НГ.
Ако си од Струмица во една продавничка во Глобал видов само нешто како сива,темно сива офф топик: Џамбо недела до колку работи или цела ден ?
фала мн на одговор,скоро го виде??и ако можеш да пишеш отприлика какво беше пошто неќам болеро класично него баш кратко палтенце поздрав!!
Каде има мала црна ташничка ? Така за низ град ми треба,мала црна,убава Има во елит видов баш таква убава е ама 400 денари е..Јас би дала до 300 најмногу! Видел некој ?
Јас барам кожни машки ракавици за подарок. Би ме упатиле некаде? Само не во Горица Трејд, имам лошо искуство со купување каиш од кај нив.
Сличен модел, ама црвена боја, сте виделе ли негде? Шетав денес низ ГТЦ, ни нешто барем малку слично не видов.
Знам една продавничка и ќе пробам да ти објаснам, се надевам ќе ме сфатиш. Ако знаеш каде е Soul Pab, во истата зграда има едни скалички за надоле и таму има неколку продавнички. Во првата имаше голем избор и на машки и на женски ракавици и мислам дека беа околу 600 денари. Ако не знаеш каде е Soul Pab, кога се оди по Партизанска на самиот крај на Партизанска во центар вртиш десно и одиш само право. Прво има некои кафичи, еден бутик за венчаници и после една уличка што води накај плоштад од лева страна. Тука кога ќе свртиш веднаш надоле е продавницата. А да а можеш да видиш и во Мак Примат, и тие мислам имаат кожни ракавици.
Девојки,дали некаде сте виделе вакво црно чипкано фустанче со ракави?Цел град го пребарав но неможам да најдам(барем слично) Ако некој знае каде има,плис нека ми одговори,многу ми е важно поздрав
^^ Денес додека стоев на автобуска во Автокоманда видов нешто многу слично на излогот од еден бутик. Имаше чипкани ракави и мал дел горе чипкан, а надоле црно. Искрено неможам да ти кажам дали беше убаво ниту која цена беше зашто погледнав само "на сец" додека тргне автобусот. Среќа што сум заприметила Ако има некој што живее натака може поконкретно да ти каже, да не тепаш пат поџабе, вака ништо сигурно неможам да ти кажам. Бутикот беше одма на автобуската ама незнам како се вика.