Ракавици имаш буквално на секој ќош. На пазарче и во секоја продавница кај што има облека. На пазарче се ефтини а не верувам дека се нешто многу скапи и во бутиците.
Имаш во шутка на почетокот кога се симнуваш од автобусот од десна страна има за 150 ден. разлицни модели,а оние поквалитетните и поголемите во другите продавници се од 300-400 ден.
Затворено ми е сакам да прашам па ајде тука. Ве молам кажете ми каде да најдам етерични масла за тело? По аптекиве или во Lush? :/
ПРОБЛЕМ ПРОБЛЕМ ПРОБЛЕМ За дочек ке носам сукничка бла бла бла како и да е ќе носам бела рамбовка и дека ќе биде рамбовката внатре во сукничката дека е со висок струк ПРИМЕТИВ дека моето бело прслуче се познава..И МН МЕ НЕРВИРА..се познава тоа како линија шиено што е.АРНО де не дека мн барав низ градов ама прво да си прашам овде ...Значи сакам некое обично такво но Push up да биде иии што може поефтино тоа подобро Благодарих
Незнам од каде си, но ако си од Скопје би те упатила на Бит-пазар или Зелено, сеедно или на пазаот во твојот град или продавница за долна облека. Каде највеќе милуваш, таму. Ќе си побараш најобичен бел прслук, памучен со потпунки. За да не ти се познаваат прерамки од позади вкрсти ги прерамките од прслукот и нема да се гледаат воопшто, а прслукот гледај да ти биде таман, значи точен број, ако ти е мал или голем на бела маичка многу се познава. Овие обичниве, како и 99% од прслуците по пазариве се по 150 денари, а ваков обичен памучен бел, не би требало да се познава. Сега нормално е и да се познава малку, доколку маичката е од потенко материјалче, но ништо страшно . Spoiler За вакво нешто мислам
да да од Скопје сум но работата е што од пазар ми се мн неквалитетни језда се ефтини...а иначе овој на сликава е преубав ....се надевам ќе најдам нешто...абе јас уште не сум ни почнала хаха
Девојки јас очајно барам црвени штикли, ама онакви ко што сум ги замислила мора такви да бидат, ако не најдам во скоро време ќе идам во Штип да барам по нарачка да ми ги направат. А за да не се мрцварарам толку, некој негде да не случајно низ Скопјево видел вакви лепотични штиклици . Ваков модел ама овие се ко корални јас сакам обична, чиста црвена. Можно е даа постојат негде или слабо ?
^ Во Victor Chevignon во ТЦБуњаковец денес видов во излог корално црвени салонки.Значи , не како на сликава твоја, него класични салонки.И беа совршени,ептен ми фатија око. Толку можам да ти помогнам
Ама вакви сакам, со ваква штикла. Таа ми е најбитниот момент, најдов јас црвени, ама на тенки штикли се сите, можда малку подебелка, ама јас сакам ваква дебела, а со дебела нема нигде. Ќе си почекам оваа „мода“ кај нас да дојде, или ќе си правам по мерка, друго чаре нема. Или можда во Аванти донеле слични, не сум била одамна, јас ги знам само оние класичнине салонки цело Скопје што ги носи во последно време, ама па нејќум такви.
Девојки каде да си купам крзно за да го додадам на чизми ( до глужд) и каде да најдам кожни панделки, сакам да си залепам на едни ракавици.
Јас гледав салонки со ваква штикла у Пикокс,ама за бои незнам да не те лажам.Јас гледав едни загасито циклама,мислам дека имаше и други бои.Провери можно е да има и црвени
Имам видено во Фиори во Рамстор, ма да не ми оставиле нешто посебно впечаток. Тенкички се, еднобојни за некои 500-600 денари.
Пробај од турската марка NBB , ама пази да биде нивен оригинал, зашто некои носат и нивни фалсификат тие обично се само во најлон и се без кутија,( неколку пати продавачката ме има прашано дали ми треба кутијата за да ја земе и по таа цена да го продаде фалцот кој е поефтин ) и се понеквалитетни. Мене покрај лиска, и овие ми се имаат погодено а цените им се околу 500 - 600 ден. зависи и од моделот, Овие имаат такви што не се познаваат, мене тие со чипка највеќе ми се погодени зашто не се познава кај завршува прслукот пошто е потенко , а ако цела маичка ти е многу тенка пробај и од тие мазните...