Нема никаде со ваква штикла. Во ниту едно Аванти и во ниту една продавничка за чевли, а верувај неделава сите можни ги прошетав. За тие што ти спомна Мис, тие се циклама, а мислам дека и на црно ги има. Еве какви се, може ќе ти фатат око, а би требало на попуст да се до сега.
Ги гледав овие, ама па имам виолетови салонки, мината есен ги купив, малце потемни од овие, а овие и не ми се допаѓаат некако. Да беа црвенкасти ќе се подразмислев два пати, ама вака само им вртам поглед, и се карам самата себе „Не, Најубава, не...имаш слични.“ Ништо, изгледа на пролет ќе се изгребам едни од Штип, зошто ќе ми требаат за дипломската, ако во меѓувреме не најдам некои по нетов, или низ продавнициве. Не ми се брза, затоа ќе носам други, ама вакви црвени морам да купам.
Сите што прашувавте за црно фустанче со чипка има во Беверли на најдолниот спрат на ќошот што гледа накај Ѓорче(dijagonalno so Zegin od stariot kapistec) и се по 300 денари не се дебели ,но има и со чипка напред и позади ,а има и со ракави од чипка,а и за тие пари .Продавницава е со македонски производи и се е по 300 денари ,а има убави блузи,фустани и на излогот пишува се по 300. Мислам дека доаѓа точно позади менувачницата (таа што е кај Биг Стар)
Најубава, ко што бараш со баш таква штикла, имаш во ГТЦ горе, Шантел е мислам дуќанот. Дебела штикла е, црвени, лакирани, ако не се лажам 1500. Него ја не знам да објаснам шо барам, она што се носи врз пижама/спавача, ко бањарка ама тенко, куќна хаљина, не знам поинаку да кажам... Ама да не е изгор, знаете кај има?
Оф, жениии итно ми е. Чудно за овој период на годината ама ми требаат балетанки. По можност темно сини. Сте виделе некаде низ град во Скопје? Ениуан?
Такви пењоари имаш во Пикокс, многу се убави, мекички и се околу 1000 и нешто... поефтини не знам каде има
Штом е таква работата, тебе ти требa Johnson's baby oil со мирис на лаванда. Боженствено е! И испробано
Девојки ми треба ташна, али со средна големина, ни голема ни мала или сива или црна Во Скопје секако. Доколку некој знае кај има нека ми кажува итно ми е. За утре немам ташничка..
Еко или елит во некое од нив беше не знам баш кое цена 750 има чипкано и на грбот и плус имаше и со еден ракав само (чипкаст)
Си најдов и си купив(од Теранова),ама слично на тоа што го барав инаку тоа фустанчето во Елит е 800 ден,а во една продавница (не ми текнува како се вика) во трговскиот беверли,ИСТОТО е 300 ден! другарка ми си го купи
Девојки дали некој знае каде би можела да купам микрофон на струја најобичен и која цена би бил???Фалааааа
Ако си од Скопје имаш во Техно маркет тука кај Палас. Само прашај некој од продавачите пошто не верувам дека вака ќе најдеш
Како се вика продавницата спроти кино Милениум и дали има попуст? И дали ги има новите модели на Аванти?