Јас бев во Nike во Веро центар и во Рамстор, има 30% попуст на скоро се. Не беа на попуст чизмичките, а баш ми се видоа фини за на снег.
Ја не би ти препорачала од Елит, страшно се неквалитетни! Ефтини се да, за 1500, 1800 имаш и тоа голем избор, убави на излед но ептен лош квалитет Можеби мене не ми се погоди само, за една година лом ми се направи, ми се истенчи, ми избледе едноставно многу лош стана материјалот, одвратен и не топли ама ич Го носев точно една зимска сезона, од Декемри до март. Зависи што бараш сега можеби сакаш поевтин па да си купуш догодина пак. Во макприпат има поквaлитетни, еве веќе 3 година го носам и топ си е, ама затоа беше 3500 и тоа на попуст Чиста волна, за милина во зима и со не толку дебела блуза одоздола мене ми е прекрасно Само немаат голем избор, тоа сум приметила.
Дане знае некој каде можам да најдам ваква јакна, по можност кожна? Не ми е битно од кој град, цела македонија би ја прошетала само да најдам Spoiler Иии блуза со ваков крој Spoiler
Јакни кожни во Струмица има многу убави ама ваква не сум видела А вакви блузи има во Рамстор...Кога бевме еднаш гледавме со другарките...Прекрасни се ама и скапи
Хеланките? Anyone? Побарав пред нг во Сара фешн, Елит, Санда..... Ако некој ги видел многуууууу ќе ме спаси и вечно ќе му бидам благодарна. Само една забелешка. Да не се сите ептен мали, како во теранова што се фармерките, хеланките. А за капчето,во Јumbo има убави. Јас од таму си купив.
150 денари се капчињата на бит пазар, на улицата што води спрема полициската станица од лева страна има полно тезги, ама не се баш како на сликава, малце се поголемки и како да "паѓаат"одпозади
Сакам корсет ама онаков за искачање и да тоа кај градите да биде поголем просторот оти големи ми се Ииии ваква боја кошула Е да и фармерки црни најобични цефка, по можност да прават послаба и поефтини
Девојки, сте виделе ли вакви корсети по Скопје? Немора да е ваков кус. Ако во скоро време некој има видено,нека каже каде има и по колку се движат цените?
ani22 вакви капути има во Еко и Елит, баш ист ко првиот имаше ама не прашав колку пари се. Не се над 3000 гарант И убави беа
Јас сега скоро купив ама цените беа 1200, 1300. Ако ти одговара имаш во Аванти и тие продавнички околу Аванти во Кисела Вода, и кај Борис тие две продавнички што се. (Јас тука гледав за на друго место не знам)
Ме интересира каде во Скопје можам да најдам чевли на Баргала Штип? Во една маалска продавничка во Тафталиџе најдов преубави чизмички кои беа 2500 ама ненормално добро изработени. Е сега се прашувам дали и на некое друго место во Скопје има нивни производи? И дали имаа разлика во цените Штип-Скопје??
Свон Шус имаат две продавници еве во инфо ќе видиш каде и ќе го видиш изборот на чевли http://www.facebook.com/pages/%D0%A1%D0 ... 2052092331 http://www.facebook.com/swan.shoes Инаку 2500 не е скапо за Баргала, кои цените им беа 3500-5000 отприлика во сезона. Баргала пред неколку години беа дупло поефтини, ама сеа си качија бајаги цена. Инаку јас бев во Штип и истата понуда од Скопје и комплетно исти цени, тоа беше некаде октомври месец. Од понеделникот има во Свон шус попуст, не знам каков е, не знам ни каков е попустот а и изборот во Штип во Баргала моментално. Но дефинитивно не се исплати да се оди специјално за Баргала во Штип кога иста цена исти модели имаш во Скопје. Но не очекувај голем попуст во Свон Шус, летото на сандала најефтина беше 1200 зашто беше стара 2 години и беше едно бројче. А камоли за чизми кои се секогаш поскапи. Тешко да ќе најдеш нешто ефтино. Ама квалитет си држат и тоа како. Ќе ги носиш со години. Поубаво едни кожни баргала, него 5 пара аванти или ил камино