Последен пат кога бев јас беа 600 денари машките дуксери. Ама ептен се ишарани бе .. Мене не ми се свиѓаат..
Феминки може ли да ми дадете совет каде од скопје можам да купам секси долна облека мислам до цена 3500 денари? нешто слатко со наметка, гредник и танга, подвезици
Каде можам да најдам некое плетено на пр. болеро или нешто такво како за врз блузичка,ролка.....И поевтино да е нормално...
Во Теранова има. На попуст се, ама незнам точно колку се. И по пазариве има ugg's, дупло поефтини од било каде....
Во евроазија имаш такви болера. Исто и во Карпош 4, карши улица Никола Парапунов во тие продавничките кај слаткара Рафаело имаш болера и едни слични на болеро, малце подолги, плетени. И во теранова има, ама не се плетени. Јас си купив за 500 ден, сега со попустиве ако има уште би требало да им е падната цената.
Да прошеташ низ трговски први кат, има една продавничка со вакви работи, машки каиши и такви ствари. Цената не ја знам.
Екстрим Интимо во Соравија 2 кат. Интимисими... Лисца исто така... само тука за цените не ветувам, незнам како се движат..
Најчесто каде што има и Најк, адидас низ продавничките, значи марка патики, таму и reebok има. На втори кат, одма пред скалите има една ваква продавничка, види таму.. И исто и доле има една продавничка, карши парфимеријата Ким, само не е чисто за reebok, туку има и други марки, како што ти кажав погоре.
ИМА! Јас вчера си купив, во гтц 700 ден. Не ми текнува продавничката како се викаше, но се наоѓа на втори спрат на крајот од десниот ќош(ако влегуваш во трговскиот од страната на плоштадот) , веднаш до една продавничка за реквизити за навивање
Има во Словенија спорт, во ГТЦ на приземје од страната на кеј, веднаш позади ирскиот паб. таму има најголем избор на рибок модели. Не сум била во скоро време, незнам дали ги има. А за квалитет ако прашуваш рибок досега ми се покажале како најквалитетни патики.
Девојки да не имате забележано некаде низ Скопјето од оние палтата што се како платнени од надвор, обично беа како карирани нешто ... Не можам да најдам слика, лани имаше такви во Евро Азија, ама сега нема. Значи некој ако ме свати какво палто и ако знае каде има нека помага
луѓе казете миод кај мозе да си купам корсет,ама онаков сто е за стеганје ,порано што носеле и колку пари би чинело?? за во скопје ме интересира