Во теранова сигурно се поскапи, на зелено пазарче ги има 200/250 ден се. Истото јас го земав во шутка 250ден.
Неможеш да најдеш?! Во секој локален бутик ги има... И во Пикокс видов ваква слична едноставна и еднобојна, само портокалова.
Не само во Пикокс,буквално сегде има. Интересни беа во Теранова а има и во Еко и Елит-најефтина варијанта
^^ Знам дека има во Теранова али не ми се допадна материјалот, плус имаше шари по нив. Ке проверам во Пикокс. Благодарам
Феминки да не знаете каде има ваква блузичка на еден ракав???? или било каква да е ама на еден ракав,ке идам деновиве накај центар да си купам ако најдам па да ве прашам првин вас ......поздрав
Хмм. Еко, Елит можеби. Тука сигурно ќе најдеш. И во лептокарија низ бутиците имаш голем избор на вакви јакни, само за цените не ме држи за збор, не сум сигурна колку се, ама над 2000 не се. Исто види и во Фемили, и ако веќе идеш во Фемили, помини и на зелен пазар е тука немаш промашување, сигурно ќе најдеш, за минимална цена.
Ваква без крзното само видов вчера во Еуроазија, мислам дека беше накај 800 незнам точно, ама не беше повеке од 1000 денари.
Девојки сакам да си купам уг чизмички во последно време ми стана многу слатки,па да ве прашам ако сте виделе да ми кажете каде има поефтини не барам оргинал.
Угг имаш во кинеското доле на приземје во ГТЦ. Јас последен пат кога бев беше пред Н.Г. и беа 700. Сега слушнав дека со попустиве се 450 или нешто така. Имаш претежно во црна и темно кафеава боја
девојки дали некој од вас знае дали работи уште Чигра-онаа што е на ленинова жената што крои бунди, на мојата итно и треба корекција (да не ми пропаднат парите да ја износам уште некоја година)
Девојки дали некоја видела фустани за благо пополнети некаде низ центарот .Да не се со светки и слични работи и по пристојни цени..