има во Eвроазија убави работи јас си купив една кошулка мноогу убава и убаво стои 399, и една блуза 299 а супер се
Девојки акцијата во Ил Камино плати 1 земи 2 почна за штикли?? Или уште чизмите се во шема? И ако знаете каде има попуст на штикли би била јако благодарна
во супер веро има и се на попуст, не од страната на народна банка од другата страна влези и пред да се качиш на ескалаторот десно има цвекара и до неа дукан за накит таму гледав таков комплет како на сликата
Нема. И тоа ако најдеш нешто, премногу уникатно е. Тоа ако начекаш нешто убаво таму, ама ретко и тоа...
Во Пренди секој вторник носат нова роба и убавите работи брзо се трошеле, братучедка ми си купила многу убави маички. Така да види утре ако има нешто
Сум била во Пренди во Тафталиџе. Точно е дека цело време носат нова роба но не се согласувам дека нема ама баш ништо. Имам земено прекрасна маичка со три-четврт ракави и црно-бели пруги која ми ја имаат испофалено сите како и џемперче во риги со различни бои кое е баш уникатно. Зависи од среќа и од вкус.
Старфишке има некое Пренди мислам во Карпош, јас го знам само тоа во Чаир. Ова во Чаир е на ул.Цветан Димов, после Јаја Паша продолжуваш уште право по улицата и тоа доаѓа од лева страна кога одиш од центар, т.е. од иста страна е со Јаја Паша. Како на приземје на една куќа е, откако ќе ја поминеш Јаја Паша, продолжуваш го поминуваш Веро, и малце после Веро доаѓа, гледај внимателно 100% ќе го видиш на главната е.
Не е после Верото. Некои 2,3 станици е после Битпазар. Од лева страна кога одиш натака. Нема шанси да го утнеш пишува на излог се за 200 денари.
Грешка, не било после Верото, туку било после Чаирчанка. А иначе јас одамна не сум била, има сега некои нови интересни ствари, тие што редовно одат сигурно знаат, м? Јез да и немаат некои квалитет али добри се за секој ден, до факултет и сл. и доста ефтини.
Cега ми текна мене на тоа, комшиката моја ми збореше многу убава облека купувала за ќерка и во тоа кај Kарпош, на 2 спрата било, еден за машки дел, еден женски се за 200 денари. Kаде е во Kарпош поточно ако знае некоја ?
Во Карпош 4 е близу рафаело слаткарницата значи ако идеш од центар спрема Карпош се симнуваш на станицата после Палма, преминуваш улица и прво има една продавница Магија се вика и потоа е Пренди, малце забутана ама ќе ја најдеш сигурно Сепак тоа на јаја паша ти е многу поголемо, во карпош има само неколку модела и бои од некое парче, додека ваму има 20 тина
Еве ти нацртав подетално да се снајдеш ако одиш од центар ќе се симнеш кај жолтите згради антико, а ако одиш од влае, ѓорче кај трафика една портокалова на сликата е црна коцка позади неа има слаткарница Рафаело и има маркет Gold не влегуваш во уличката туку кај што е нацртана виолетовата коцка е тоа е Prendi а до него блиску има едно Магија (тоа е црвената коцка) и таму има евтини работи Мислам дека помогнав, ако треба уште нешто слободно прашај