Освен Еко и Елит, гледав ама не ми се бендисаа. Не ми се допаѓа баш материјалот, а и нема модел како овој.. имаше слични ама не ми прават мерак.
Девојки дали знаете каде можам да најдам од оние метални боцки кои ги ставаат на палтата?фала ви однапред
Карина провери во ВИП, имаше пред некое време, црн ваков многу сличен капут. Во ГТЦ на приземје од страната на кеј, од позади доаѓа кога идеш накај Соравија
Co Jule и во пренди и во магија се изнакупевме во Mагија женски маички по 150 денари, јас само 2 најдов, и едно џемперче во пренди 200 денари, долго за машки има ептенннн избор, по 200 денари дуксери во пренди, во Mагија 190 и на брат ми какво капутче сум му купила за 200 денари џоа манекен е сега, мада фака ептен убаво стои за мужи има избор
Јас па кога и да отидам за мужи нема ништо,се истата роба им стои. А за женски е спротивно,нема шанси да најдеш некое убаво парче 2 дена да стои. Имам купено преубави работи и што е најинтересно неколку маички потполно исти (само со друга етикета одвнатре) ги видов во New Yorker. Ваму се продаваа околу 600 а во Пренди за 200. И во шутка приметив дека продаваат иста роба од Пренди за 100-200 ден. поскапо. Али добро, кој не знае ќе купи.
Знам дека некоја пред извесен период спомна златен часовник. Епа сакам и јас еден. Не барам оригинали, скромна сум, само да ми кажете каде да барам. Видов на Фејсбук на една страна продаваат за 1000-че, па се мислам дали да го порачам, или можам и поефтин да најдам?? И тие што биле во Солун да не виделе некој по продавниците? Грасиас мучисимо.
Имаш на Битпазар низ тезгите со часовници, некои с еубава златна боја, некои не по 400, 500 денари. Види и по бижутерииве. Мене 1000ка ми е многу за часовник. Него ти она ланчето синџир што го носеше кога се запознавме од каде го зема? сакам такво златно
Значи да не се залетувам. На Бит Пазар сто години не сум била. А ланчето сама го правев Преправено е од едно старо ружно ланче. Поим немам дали се продава кај нас нешто слично.
Eве вујна ми беа на гости, таа па била таму, ништо немало секоја среда и сабота мислам се носи нова роба, оди тогаш одма се тука кај Hерези позади палма, прво иде Mагија, после иде тој другиот Mоже ќе најдеш нешто оди другата недела, нека донесат нова роба EDIT- јас мислев за бутиците збориш
Има многу убави златни часовници во ЊуЈоркер.Многу ми се допаѓаат мене, ама не ми текнува колку пари беа
Го знам за кој збориш Душица и потврдувам, многу е убав и чини околу 1400 денари. Ама не е на попуст, јас го чекам
Епа кај се наоѓа да видам и јас дали ќе ми се потрефи да најдам нешто ефтино. Знам еден другар скоро купи 4,5 пара фармерки по 200, 300ден. не знам точно негде во Чаир. Ама едните му се скинаа. Се наведна и се распукаа целите, и тоа на работа додека беше Тоа беа првите што ги облече. После другите со страв ги носеше, ама еве немаат гајле. Иначе да ве прашам кај да си најдам убава и квалитетна јакна. Должината негде до гзот (не да го покрива цел, туку пола ) да ми ја покрие половината и струкирана да биде. И да грее многу (Цената не ми е толку важна)