Кажете ми, каде можам да најдам бела ташна, средна големина, а може и голема, да биде нешто измеѓу спортска и елегантна?! чисто бела, без никаков принт
Од Скопје си? Ехее барем за ташни е лесно. Има доста низ еко елит, и другите продавнички низ трговскиот, но истите или сличните ги имаш за поевтини пари и ист квалитет на пазариве Бит пазар има доста голем избор. Исто во онаа ферги што е продавничката на 3 спрат мислам дека е во ГТЦ, розева продавница е, е таму има малку поскапи ташни ама пак има супер модели
Машки капут средно долг ако е можно на попуст да не видел некој низ продавнициве т.е во кои продавници има (само не Еко и Елит)
Немаш поим колку убав капут си купи дечко ми од шутка, истиот го има и во ГТЦ и во ТЦ Бисер. Он во шутка го зема 2000ден, има и од 1800, и од 2200.
Дечки хелп. Сестра ми ќе оди на логорување, ама од факултет униформата е прескапа. Им дале опција сами да си купат, значи и треба кошула, маслинеста маица, војнички панталони и капче војничко. Да не знаете случајно каде се продава војничка/ловџиска опрема низ Скопје ?
Кај старо Беко , кај што се вадат лични карти и пасоши, малку подоле има продавница баш за ова Микеи мислам дека се вика,тука би требало да има се што барате
Kade da najdam copari nad kolena ama da ne bidat mnogu tenki. Plus da ne se mnogu skapi, gledav po 400 denari ama pa za nesto sto ke go oblecam 3,4 pati ne mi se davaat tolku pari.
Вајлд по нашиве бижутерии нема ништо слично, јас имам гледано на ebay за 1 долар, ако можеш некако нарачај си, јас имам нешто слично, види во темата кај што ставаме наш накит
Бев денес во Пренди и Магија, тоа Магија не ми фати ништо на око, Пренди по нешто, ама џабе е се по 200денари кога се гледа дека е со лош крој и лоши материјали.
Сакам да прашам, дали има стварно реални попусти во Аванти (рампа) на чизмите, пошто видов на излог дека има арно ама не влегов, а денес планирам ако има стварно попуст да земам чизми. И ако има некој во близина на Борис (економското) да ми каже дали има попуст и во продавницата што е кај Борис до аптеката, на чизми. Знам имаа акции 2 пара за 1200 денари претходната зима, мислам дека.