Скапи се Марама стварно јас имам 2 пара, едни црни ги земав за 250-300 не ми текнува точно ама тука беа, во гтц одма карши кафичот Чао, има едно многу мало продвниче чорапара и имаше само црни! Јас си нарачав од асос за 2 фути-150 Крем ама преубави! Планирам да си земам и сиви и бели Ама зборам за дебели, од дебел материјал, од прилика вакви Вајда за вакви збориш
Девојки каква облека има во тие Магија и Пренди? има фустанчиња за излегување? или некое капутче до под задник женско? а фармерки убави?
Каде е таа Магија продавница? И уште едно прашање, имам повеќе пати налетано на форумов на информација дека некој изработува чевли по нарачка. Може подетално некој да ми каже, или во лп или тука сеедно? Фала.
Јас моите ги купив од ЕуроАзија и беа 200, на попуст од 300... значи јас си купив два пара, црни и розевко-кремасти. Многу се убави, имаат убав дезен, не се најобични, така да ке те посоветувам од таму да си купиш, ако има уште! Јас си ги пробувам само по дома, уште не сум имала шанса надвор да ги носам, ама мислам дека пролетва ќе ги однесам малце на воздух
Ако знаеш каде е ПРЕНДИ, одма после неа е. Карши улицата Никола Парапунов во Карпош 4. Значи Пренди се наоѓа позади Рафаело слаткарата, а ова Магија е неколку метри после Пренди. Неможеш да не ја видиш, пишува со огромни црвени букви: MAGIJA Иначе јас вчера бев, и не бев нешто воодушевена од изборот. Си купив само едни црни хеланки за 190 ден. Блузичките беа повеќе од разочарувачки, јас тие никогаш не би ги облекла, ама може на тебе ќе ти се допаднат Јас пред да искочам од таму, донесоа нова роба. Фустанчиња за 200 денари имаше. Симпатични беа Едит: p,s Таа жената што изработува чевли по нарачка се наоѓа во Куманово.
Луѓе тоа МАГИЈА нели е секнд хенд? За оние кои не биле а не им е уз пат, нека не идат џабе. Катастрофа жива. Кога само фармерките ќе ги видите јасно станува. Бели, перени по 100 пати. Некои маички безвезални од пред 10 години, и блузички никакви.
За сенфот не знам бидејќи не ме интересираше бојава, па и не гледав, а црвени имаше во Зара и Бершка од 13 до 25 евра. Јас бев за Водици сега претпоставувам е и поевтино, ако е останато Инаку сенфот мислам, ама мислам дека видов во Pull&Bear, ама може и да грешам.
па и не се согласувам баш! јас си најдов една многу убава маичка како корсет, цветен принт за 150 денари и не е секнд ханд на ново мирисаше, само има една мала грешка при шиење за жени нема кој знае што, зависи како ќе ги фатиш, ама затоа за мажи.... има и тоа доста! јас не носам дуксери, а ако некое девојче носи, тогаш има избор за дуксери и во пренди и во магија
Дали знајте од каде можам да си купам само ланче со поголеми алки (т.е. средна големина) и ланче со ситни алки...бижутерија без привезок...по можност ако знае некој и во Бт (ама пр. и во Ск кај има XD ) Фала..)
Пак да прашам. Јакна, да ми ја покрие половината (значи пола газ ) струкирана (на пример со каивче на половината), црна, тесна и тенка ама да грее многу. Значи од било каде во Скопје, цената не ми е важна, се додека ги има овие карактеристики и да е квалитетна. Не барам многу
Штом не ти е важна цената, оди во Евро Азија, преубави јакни има... а и многу топлат (скоро си земав и сум презадоволна)
Девојќи да прашам..каде да си најдам чизми што ќе ми ги СТОПЛАТ нозате? Смачено ми е од разни убави модели кога нозете ми се мраз Не е вазен изгледот, само да топлат Фала ви..