како втората јас си купив во Eвроазија, ама скроз рамна! има таму, не ми текнува колку беше, накај 700 и нешто разгледај таму ќе најдеш
Абе ова Пренди second hand ли е? Имам 2 маици од таму летни за по дома/плажа ама па сеа таков некој впечаток добив. Инаку материјали каде има? Она во ГТЦ горе не можам да го најдам, не знам дали е затворено или преместено. Знам на Битпазар, ама каде точно?
Материјалите од Матекс што беше во ГТЦ се префрлени во Скопјанка и Турска чаршија.. на женски пазар (Бит пазар) имаш најголем избор на материјали, а во Турска чаршија имаш неколку продавници за материјали
Дали знајте од каде можам да си купам само ланче со поголеми алки (т.е. средна големина) и ланче со ситни алки...бижутерија без привезок...по можност ако знае некој и во Бт (ама пр. и во Ск кај има XD)
Штотуку се вратив од Пренди и Магија. Во Магија немаше ништо, ама затоа во Пренди имаше доста убави работи. Си зедов фустанче, слично такво барав со месеци, преубаво, другарка ми си зема кошула, не стандард, туку интересен крој, панталони-хеланки и хеланки со раб. Можев да си купам уште нешто, ама оставив за друг пат. На враќање отидовме до лептокарија, има еден бутик Пиано се вика, си купив памучно џемперче со напумпани ракави за 250 денари. Немаше којзнае колкав избор, имаше некои блузички од 200 и 250, џемперчиња, а другите работи беа по 450, 500, па 700. Ако можам до после ќе ги сликнам, да ви разрешам дилеми, бидејќи можат да се најдат убави парчиња, и не е секанд хенд .
JuLleE и јас ги земав од Пренди хеланките со рабовите на средина. Чекам малку да се стопли за да ги облечам. А утре ќе поминам и во тоа Пиано во Лептокарија да видам што има
Браво што ме потсети, да си најдов, конечно, од Асос си нарачав за 10 фунти, не е ефтино, но тое најефтиното што го најдов! Не мис е даваше 3000 во адидас. Еве го Бојата е малку дреч, ама кој ми ја гледа под маица подобро ова, него да ми се прчкаат лево десно кога вежбам
Каде да најдам убаво сако? Струкирано, деловно, сиво или тегет, да биде по можност еден убав подебел материјал, ама мазен и потсетува на сатен? Цена горе доле не битна, ама нема да е на одмет и да е на попуст Многу, многу ми треба. Некој?
Каде на најдам сако.. ама од тие што се трифртаља ракавите и од внатре поставата им е шарена.. Од кога го барам, кој знае каде има и колку е нека каже. Иначе у градов (Скопје) се е на распродажба. Теранова Калиопи Евроазија.. Секаде има попусти.. Време е за шопинг