Феминки, ај мала помош немам време за шетање по продавници Ми треба ташна, плико, ама поголема,како на сликата. Сакам да е најобична, без машнички, натписи и нитни, може да има некое штепче ама ништо нападно. Да не е лакована туку кожа или имитација на кожа. Проблем ми е бојата. Ми треба една нијанса помеѓу сиво и кафеаво, како на сликата, за да помине со двата пара сандали. Би купила и црна или темно кафеава (кафе) боја. Ако сте виделе некаде по Скопје, плс пишете. Благодарим
Песок боја Навидум лесна боја, ама јас знам имам такви сандали се убив од барање. Провери во ГТЦ подрум во АБ и во една продавница меѓу чајна шоп и новите фан продавници. До ескалаторор е, цела е со ташнички, јас таму најдов таков плик, иако одбрав на крај со синџирче чанта. И уште една имаш акцесорис во подрумот накај поранешната автобуска во подрумот, значи таму имаш 3 доле. И ГТЦ прв кат, доаѓа до фиоранџело, фина продавница цела чанти. А ако си во близина на Кисела Вода, карши Борис има 2-3 продавничиња со ташнички. Провери си, таму и поефтино ќе ти е. Него ми треба информација. Стигна ли во Аванти новата колекција? Не ми се ус пат за да проверам, а на ладново не ми се оди за џабе. Ме интересира ако некој бил дали ги има салонкиве Благодариме однапред
http://mk-mk.facebook.com/pages/AVANTI- ... 6490553622 Pоси има овде види дали ти ја има колекцијата едит- видоб сега 1590 денари се Hего јас да ви кажам за сите што се спремате за валентин, и планирате бам бам после полноќ во бисер каква секси облека има, 750 денари корсети Mа тоа во несвест се паѓа... плус некои имаат и ластичиња ако носите подвезници, она ала Mерлин Mонро
Лудо јас и од таму гледам пишува колекција што ќе дојде, не дека ја има. SOON ....NEW COLLECTION IN AVANTI SHOES Овие и други чевли се ставени дека наскоро ќе ги има. Минатата недела беа другарки уште не беше стигната колекцијава. Затоа си прашувам, некој да не бил деновиве.
Скапи се скапи, има право лудо, а остај ти гтц нека се занесуваат. Можеле барем 1400 да ги стават, ама ај П.с убави роси ова што си ги постирала, лајк Spoiler Имаше многу слично на Асос http://www.asos.com/pgeproduct.aspx?iid=1381056 али кине ценава
да Pоси, ама да се квалитет ајде де, нема да ми биде криво, ама јас си купив едни на плута од таму, одма ми се расцветаа! затоа малку се подзамислувам за нив, а за онаа првата продавница на Pампа си купив чизмички лани 600 денари, ма ништо не им е, и сандалчиња на плута, многу слатки 500 денари цело лето ги носев ништо не им беше!
Сега има ефтини зашто на попуст има, но мене искрено ми е нормална цената за нова колекција 1600. Иако јас додека не ги пипнам во рака да видам квалитет и додека не ми легне на нога џабе што се убави на слика. На слика се може да е убаво. Абе ако сака нека бидат и Лобутинки ако не ми е добар падот на ногата ништо не бива од работата, посебно за некои како мене што се маанџики Денес шетав, Шантел новите од 1800 до 2200 им се. Баш препорачајте ми е ако не ви е тешко кај има салонки во боја ефтини, не сум шетала низ нашиве продавници одамна. Значи тоа да се плави, розе, црвени, зелени, циклама, било какви само не темни. Може и шарени со црно. Ах да и не ги сакам оние на плута огромни, со понормална штикла, не 15ка Иначе си се јавив јас, вторник-среда треба да им стигне во Аванти колекцијата. Инаку во аванти крш се чизмите, но салонките им се ок, иако зависи од колекција до колекција многу
Да се разбереме,1600 не се воопшто скапи за нова колекција! Ама за аванти, НЕ! Не се квалитетни, и плус се фаќаат на попсут барем на 1000. Еднаш се зафркнат исто така си земав преубави светло кафени од аватни 1500 беа, за неполн месец истите беа 1000. Криво ми беше, 500 не се малку. Нема врска. убави имаше шарени на почеток на гтц ама не се на попуст, 50% лажат. Пред недела дена имаше оние плави како мастило боја интересни беа. Исто и нешто измеѓу розе и праска боја :up: Ама цени, незнам. Имаше доста во она Биана шус, исто во гтц од страната на Жена парк, ама пак незнам цена, не памтам
Ни на сон не би дала за Аванти 1600денари, освен ако мноооогу ми се свиѓаат некои штикли. За чизми да, ама за штикли што до вчера им беа максимум по 1200, нема шанси.
патики за вежбање? Сакам обични црни или бели патики со немногу висока цена....носам 37-38 број искрено мислам дека сите продавници за спортска опрема во Скопјево ги прошетав и од сите патики што ги посакав немаше број некој да ми помогне.... ...бев во лининг, во најк(искрено овде имаше номи беа скапи), во скечерс, ранерс, ...некој друг да ми даде некоја идеја ....
Каде да си купам ваква една кукла, си ја уредувам собата, па ми дојде идеа, да се ставам една во празниот ќош, и секоe утро да си ја ставам комбинацијата на него? Да има држач на земја. Како се викаат, никаде неможам да најдам. Име имаат нели Неможам ни асална слика да најдам едит Ми текна се викаат fashion Manikin, за нешто користи Project runway Еве слика поасална
Хипстер ваква иста фина и убава не знам. Ама и онака ќе ја облакаш, можеш да прашаш во некој бутик ако знаеш или едноставно нека ти ја "позајмат"
хахаха, што знам А знам дека се скапи фемина, имавме ние еднаш одмамна, баба им беше шнајдер во слободно време. Ама ја фрливме Ај можеби некој друг знае, м