Вееееееее молаааммм кажете ми каде можам да си најдам ваква сукничкаа???????? Низ Битолата ако знајс некој или низ Скопје..па можи и Прилеп..само ве молам кажете кај има!!!!!!! Мн очајувам по ваква сукничка..иначе не мора со панделка
видов вакви фармерки, тегет плави со трегери во куманово па и на попуст ама само м беа. сте виделе ли вакви во ск?
Братучетка ми е моден креатор и купуваше ваква кукла од Скопје, имало некој човек специјално што ги прави. Доле се со дрвено постоље и мислам дека беа околу 3000 денари. Не знам дали уште го чува бројот, ама ако си заинтересирана можам да прашам
И јас сакам... ама па 3000 денари многу се некако за вакво чудо, а јас не сум моден креатор . Ај ако знае уште некој кај би можело да се купи нека каже
Во теранова има, и тоа на влезот уште, први се.... И во евроазија и пикокс има.... и тоа по доста прифатливи цени...
Провери во оваа продавница која цена се http://www.ofaya.com.mk/gallery51.html Сум поминала од кај продавницава секакви кукли имаат, па и такви со постоље ама за цена не знам Spoiler http://www.ofaya.com.mk/images/map.jpg
Незнам каков материјал е, ама слично како тоа последното фустанче, само црно, видов во Евроазија. Ептен беше убаво, од таков лелеав материјал
Свила е 99%, но знај има прееемногу видови на свила. Имаш природни, синтетички, потешки, помеки, вакви такви, поскапи и поефтини Така да не знам која точно е, a и според џебот ќе си одредиш која ја сакаш, може и за 200 денари да најдеш свила може и за 3000 денари од метар. Ти отиди до женски пазар и до чаршија, на почетокот на чаршијата од кај поранешната стоковна куќа има 3-4 продавници за материјали (дел од нив може и на женски пазар да ги најдеш 3-4 пати поефтини, затоа пред се глеј на женски пазар да си ја најдеш боичката која ја сакаш за да не плаќаш поскапо). Може ќе најдеш и други лелеави материјали.
Женски дали знаете кај има сега попусти на убави чизми? ....Да не се на штикла,да имаат ѓон,за нормално да не ми пропуштаат на снегов и да ме топлат..
Не знам до која цена ти требаат, ама јас си земав феноменални чизмички на Баргала. До глужд, кожа боја, со јак ѓон. Ги утепав од носење посебно на снегов и дождов, ни капка не пропуштија а држат топло. Јас ги платив 2500, беа на попуст од 2890 , ама дефинитивно вредат. Кога разгледував други слични чисми под 3000 не најдов ништо што ми се допадна.
Девојки си купив ташна пред извесен период ама ги има само двете стандардни рачки, а јас сакам да и додадам онаква подолга рачка за да можам и преку рамо да ја носам. Проверив, изводливо е да се направи и да се носи и така меѓутоа незнам каде да барам.. Имате идеја каде можам да набавам некој таков материјал или пак парчиња кожа па да се направи од неа долга рачка (за преку рамо-на страна) на шнајдер???
Купи друга ташна па извади и ја рачката и стави ја на таа старата Да купиш рачка само нема шанси... А да купуваш кожа , па да шиеш рачки ми е малце глупо.