Девојки салонки црни низ Скопјево секаде има. Би ве разбрала да барате некоја специфична боја, но црна салонка има во секоја продавница со чевли. За девојката што прашуваше за чаша без шари, провери во продавничките на Битпазар.
^^ во Ил Камино имам гледано салонки по 1200 денари. Можеби има црни Каде да барам фустанче, значи кратко и од некој поубав материјал, НЕ САТЕН Боја: Црна, тегет или крем И на попуст, секако
Скроз обична бела без никакви шари има гратис со купени 3 чаја незнам на која фирма беше ама ќе најдеш во секој маркет ги има.
На Бит Пазар, 6 парчиња за 100ден , убави високи, во продавничките што се од десна страна, кога се оди према женски пазар
Се отепав барајќи ваква сукња и ништо, ај ако видел некој нешто слично нека ме извести Па и за палтото исто, сакам такво дреч боја, ама многу тешко..
Карина палто ваква боја имаше во Пикокс. За оние девојки што прашуваа за оние чевлите на плута од Аванти се 1600 денари, салонките се по 1200 денари, чизмите се од 600 до 750 денари.
Палтото во Пикокс е малку потемно, а метиријалот е како сатен. Мене не ми е баш како право сако, некое чкљ блејзерче е. Во Зара има инаку, мислам дека и овој модел е на Зара. А слично нешто има и во H&M. По 25 евра беа. Ако имаш можност да отидеш, ако не, некој да ти го донесе. А ваква сукња немам никаде видено. Ако многу ти се допаѓа, решение ти е да си ја направиш на шнајдер.
ПЛАВИ панталони, цевка и да не биде мн висок струкот. не можам слика да најдам баш такви ко што сакам, ваљда ме свативте видел некој??? Само да не бидат тие од пикокс
Исти вакви има во кисела вода карши Трафик, мислам дека продавницата се викаше Шанте или така нешто не ме држи за збор. Истата продавница ја имаш и во ГТЦ.