Еве најдете си Аванти е иначе, ја има и во Кисела Вода на 10 метри од Трафик и во Ченто и како што кажаа чаршија. Аднете си ги на фб постојано ставаат слики и на дел од нив цени. http://www.facebook.com/pages/AVANTI-SHOES/186490553622 квалитет... кинеско! колку пари толку музика.
Oд 900 до 1600-1800ден. не ме држете за збор зошто не прашував конкретно за нив, како низ магла ми се враќа цената. П.С. некој да не има купено од овој модел, лесни се за носење? ама напред затворени
женска еве сликаод маицата, сликава има ефекти па е затоа таква бојата. црното адидас е везено, а плавото не е обична апликација, ниту распукува, не се лупи. Ти велам душата им ја извадив
Со години си немам купено ташна од Скопје, па дојде време и за тоа. Ми треба некоја средна големина , за на работа за секој ден. Ама не знам кај да барам. Од кај купувате вие? Кај има убави, модерни со некој задоволителен квалитет? (Не ми препорачувајте Битпазар, Еко и Елит)
Оваа продвница не е иста со онаа во ГТЦ карши кино Милениум или грешка сум? Видов преубави балетанки па да не тепам пат до Кисела Вода, ако е истата? Ииии, некој да не видел, црни хулахопки онакви малку проѕирни што се, цели со ситни црни топчиња? Ваљда ме сфативте
Не K.e.ll.y не е истата, ако не се лажам таа за која збориш се вика Miss shoes,и има 4 продавници, таа карши кино Милениум, во К.Вода ка економското училиште, карши тц Бисер, и во лептокарија.
Дали знаете дали сеусте работи продавницата на FERGI во ГТЦ,и каде има квалитетни куфери да се купат? Фала
Не е истата продавница,Аванти има како што кажа росонерка во К.вода,Чаршија и Ченто. А такви хулахопки има во Санда мислам 190 ден се Затворена е Ферги во гтц,а куфери квалитетни имаш во редот кај Џордан (една продавница што има и канцелариски мебел)ама скапи се доста.Јас имам куфер од Кинеските со цветови тегет,многу ми е убав го купив пред 2 години.Ни мириса на кинеско ни конче не му попушти,мислам околу 1700 ден беше.
Жени ај нид хелп Прашав еднаш ама никој не ми одговори па ајде пак да прашам каде да најдам фармерки со висок струк и тесни (цевка)???МНогу сакам а никаде неможам да најдам М? Каде?
/ Вакви тешко да најдеш негде. Баш си купив фармерки, ама нигде не видов вакви. Побарај ги низ продавниците за оригинална спортска облека. Мора да ги има. Јас порано од Бугарија си купував од нив, беа многу поефтини таму. Седмосед? Мислиш на Г? (едната страна тросед, другата четворосед?)
Вакви черги т.е флекери јас си купив од Тетекс на рекорд што е. Истите ги има и во Базаро и на бит пазар спроти Атлантик некаде му доаѓа.
Да прашам јас нешто..си имам фини чизмички едино што чорапите жива вода ми се па морам сега нови да барам..АЛИ нормално нови ама морале ко за у зима да бидат....е сега ако купам нешто скапо жива ќе ме одерат па сакав да прашам дали негде сте виделе нешто вакво или пак СЛИЧНО само да е топло и да не пропушта вода зашто болница не ми бега