Има во она Адесо тренд, во Аванти имаше пред некое време, Бодилајн и мислам дека по чаршија би нашла. Во Адесо тренд беа до глужд или малку над глуждот гумени и нагоре материјал некој,беа 1700 кога ги гледав и фини ми изгледаа мене
хмм кое беше Адесо тренд? А во Аванти мислам дека нема, баш преска гледав на нивната фб страна нема ттакви чизми едит сега ми текна кое е тоа на почетокот на гтц таму скоро секој ден поминувам и немам видено не здогледувам убаво изгледа
Девојки дали има во Макпримат попуст на капути или сеуште е рано? Ако има сте забележале ли дали се наоѓаат поголеми броеви А не е лошо и да ми дадете некоја идеја каде на друго место можам да најдам нормално капутче за секојдневно носење.
Има во Џамбо, не се многу скапи, 60тина денари се. Јас бев пред две недели, имаше истакнато на излогот дека имаат попуст до 50%. Ама со бројчиња како стојат не знам.
http://www.accessorize.com/en/restofwor ... agshopbags Вакво некаде освен во Аксесорис?! и цена по можност фалаа
јас имам купено од авон но поодамна провери може ги има уште, но според мене нема некоја голема разлика па нз..
моментално има голем попуст во аксесорис , има работи дури и на пола цена па види може ќе ти одговара цената
ако сакаш да заштедиш оди во рубин кармин во гтц и купи си аура бело моливче за 20 денари , пушта добро и јас сум задоволна од квалитетот а е многу ефтино. а за база на сенка мислиш на база прајмер за очи што се нанесува пред шминкање или некоја посветла нијанса на сенка како првична?
Логинг Електроникс ( т.ц. Беверли Хилс) го имаат ова во каталог http://www.logingel.com/products/product.aspx?id=58234
Имаш многу голем избор на вакви во аксесорис во Рамстор, само незнам колку пари се ама има секакви преубави се. Одма до касата.
Вакви маички имате видено некаде? Не е битно дали се со пократки или долги ракави ептен ми се допаѓа деталот напред што е како карнер. Инаку LetsTalkFashion моливчето од аура е она баш бело мат со кое можеш да си го исцрташ внатрешниот раб од окото или сјајно што пушта боја само на кожа? Јас барам такво мат, ако е такво да одам да си земам, и Рубин освен гтц кај има другде?
да мат бело за внатрешниот дел од окото или познат како waterline не е со светки за таква намена е , а дали има на др место незнам само ке одиш во првата продавница од кај холидеј ин во таа сигорно има , ако сакаш ке ставам утре слики да видиш сега е темно и нема ништо убаво да се види.