Немав појма каде да го упатам прашањево, па ајде тука.. Ако некој знае каде се наоѓа продавницава http://www.facebook.com/pages/AVANTI-SH ... 622?ref=ts нека ми опише детално во порака, не сум од Скопје, а очајно сакам да знам каде е
Се наога на Бит пазар, кога влегуваш во чаршијата на почетокот од десна страна е, нема да ја промашиш.
Исто ја има и во Кисела вода после стара рампа, значи доаѓа прво Трафик исто и таа е продавница за чевли па подоле од неа е Аванти на самата улица е Ја има и во Маџари после семафорите, одма до Зегин аптеката на самата улица, но најлесно е да ја најдеш онаа што е во Чаршија
еве како што ветив сликнав неколку слики , квалитетот не сјаен бидејќи се сликани во темна просторија , знам дека реков утре но може ќе немам време а да си стојам на зборот за 20 денари моливчето е феноменално!
Лепотици...ајде помагајте... Сакам чизми до над колена, ниски (без потпетица) и не многу скапи бидејќи едни веќе земав и не издржаа ни 2месеци
Во Miss Shoes продавницата кари кино милениум, мислам дека таму гледав а аи по ТЦ Бисер има.Не се некои специфични за да се наоѓаат тешко.
Zenski planiram sabota da odam sk pa daj kazete mi ve molam sakam da si najdam ubavi kvalitetni farmerki , posto ja sum debela vo nozete i za 2 meseci gi kinam sakam da si kupam kvalitni a da ne bide mn golema cenata dali imas nes ostanato na popus
Девојки предложете ми каде можам да најдам квалитетни кожни чизми со низок ѓон и некаде до под коленици, по можност на попуст нели, ама и не мора, најважно ми е да се квалитетни и да не пропуштаат Разгледував низ ГТЦ и бев во Дора ама многу малку модели имаше останато на Биана и ништо не ми фати око
Мис шус во гтц е затворен од ујп, такви чизми имаш аванти , имаш во неколку продавници на бит пазар на самата автобуска, во едната сите се по 599 денари, плазет шус , така некако се викаше , одма тука е и ил камино, па скоро секаде ги има тие
Купи Евтино имаш кога одиш од Олимписи базен накај ГТЦ, го поминуваш Тинексот и одма после него вртиш лево и доаѓаш право до продавницата. Имаш и карши Кинг Бургер, а и во Беверли на прв спрат, од страната што гледа накај центар. Убави фармерки со поголеми броеви имаш и во Олтре во Рамстор, малце се скапички ама најчесто имаат убави модели
Мис Шус имаш и во К. Вода пред економското, на самиот агол, а има и во Лептокарија после Т-мобиле. Се надевам дека тие не се затворени. Јас лично имам два пара од таму купено, убави се, не се нешто претерано квалитетни ама и многу се евтини. Можеш и во Трафик да провериш, само немој од Ил Камино зошто јас имам купено и штикли и дав пара чизми и ми се распаднаа до петото носење.
Во саботата И на Бит пазар имаш убави (мислам дека Plaset се вика - имаат два дуќани едниот е кај зегин, а другиот кога одиш од зегин кон факултети, после првиот пролаз), по 599 денари ама немаше бројче за мене
Епа да си кажам дека си најдов гумени чизми какви што барав и тоа за 350 денари ги земав од трафик такви како што сакав со материјал нагоре беа 550 и 750 ама немаше броеви од нив мојот број го имаше само од овој модел, не е за фрлање и овој , баш се симпатични
И јас бев сабајлето во Трафик,ама ништо убаво не се наоѓа,и се зачудив кога видов дека чизмите им се по 350 ден А тие гумените ги видов и јас,не беа лоши,само што не сакам гумени чизми.