да ти кажам друго не ни разгледав, директно отидов кај овие чизми вчера бев во она трафик после камени мост ама немаше таму ич избор и девојчето што работи ми кажа да одам во оној во Кисела Вода, и ваму стварно имаше повеќе ама се големи броеви И јас не сум голем љубител на нив, ама за дожд се добри
Барам ваква блузичка долго време.Кога бев последен пат во Зара имаше,ама тогаш не ми се свиѓаа.Ќе се убијам шо не си земав тогаш. Иначе,еве ваква сакам,не е битна цена,ни боја,до моделот ми е.Само поширочка од оваа.Вака е застаната девојкава и ја има смачкано.Иначе,без ланчињата,најобична. Ај плис за побрз одговор ми треба што побрзо.
Девојки навалете во ТЕРАНОВА, има ненормална распродажба, ја незнам што им текнало цените толку да ги намалат. 25мин. чекав денес ред за на каса да стигнам. А внатре неможеш да се разминеш, ко беспари да делат. Какви работи има, какво фустанче за 199ден. си купив, со гол грб. Се се е намалено.
По барање на членки по ЛП-бидејќи неможам да додавам слика, еве го фустанчето: (околу врат, и надоле паѓа, се подвиткува како балонче) напред: назад: материјалот: (не е нападно светкаво, прелива некаде некаде)
Јас па во Теранова ништо асално не видов, се е расфрлано на купче ставено, алиштата доле по земја испопаѓани и вчера и денес бев, она што е убаво е ново донесено и не е баш ефтино
Јас пред некоја недела бев во Сити Галери и чекав пола саат на каса. Имаше ненормална гужва! Си купив многу убава туника за 399, кошулка за пролетно и летно време за 299, бордо ташна за 299 и едни многу штосни кремасти пантолони со кафено ремче и ластик долу, на крајот од ногавиците. Имаше многу други ефтини работи, ама што од тоа е останато - не знам. Како и да е, низ цел град врие од попусти. Сега планирам да си земам некој капут и чизми за ефтини цени Па ако имате некој предлог - пуцајте!
Лубутинкиве под 500 евра неможеш да ги најдеш во овластените продавници на истите. Нешто слично во Аванти види или на секое ќоше кај што има штикли со платформа.
^ Судејќи според ѓонот ми личат на најобични високи црни старки, а нитните отпосле можеш сама да си ги ставиш.
^^ Не сум сигурна, но може да најдеш во бижутеријата Ин. Или пак во некој кинески шоп, пример оној наспроти Корзо или новиот во старана чаршија, малку подолу од О2Х. Можеби и на пазар, побарај. На друго место незнам каде би можело да има ..
здраво девојкии )) јас вчера си купив убави чизми од боди лајн. на попуст од 2000 и нешто за 1500 а долго вр си барав такви.. сега сакам да си најдам кожна јакна.. ама незнам каде можам да најдам и да не е мн скапа ако видел некој некаде низ градов хеллп )) поздравв.
ајде по втор пат еве ама сега дали знаете каде има вакво црно кожно ранче .. т.с и не мора да биде кожа тие сигурно би биле поскапи ама сепак ете каде имате видено вакви низ Скопје?
Дали некој бил скоро во Мона и може да ми одговори дали има убави машки новчаници и ако да која цена се?