Дали некој може да ми каже каде има најблиску http://www.topshop.com Т.е. дали има воопшто и ако нема преку нет дали може да се нарача?
до девојките од скопје дали стигнала пролетната гардероба по бутиците во гтц(еко,елит),и дали има донесено пролетна гардероба во шутка? сакам да дојдам некој ден од овој месец,па да си знам, да не ми е залудно довагањето,ако сеуште нема?ве молам одговорете ми! !
Има во рамстор, во новото Веро и на улицата кај Веро 2 во тавталиџе, малку пред верото кога одиш од центар,од истата страна.
Едно прашање до охриѓанки !! Сакам утре да одам Охрид.. па да ве прашам дали има од пролетната роба. И дали има шушкавни палта? И ако некоја влегла во Пума дали таму има нешто ново? Ај ве молам побрзо одговорете
Словенија И Хрватска! Ама не е баш блиску, ама нема поблику ни во грчка ни во Бугарија ни во Србија! Инаку не може да се порачува од нет за нас.... А само кај нас не доставуваат, дури и во Албанија има шипинг брееее Ми имаат кажувано за во Словенија сум сто посто сигурна дека има продавница, многу ефтини работи се начекувале!
Си ја купив денес последната. Конкретно на оваа немаше попуст, ама другиве работи се многу намалени, капути од 5000 на 2500, појдете видете може ќе ви се допадне нешто.
Оксфордки?Во Скопје,до 2000?)) Читав во темата за оксфордки,ама повеќето се од лани,ме интересира сега дали некој видел некаде и цена секако.
Капутчиња на попуст, ама квалитетни што топлат, да не бидат од чоја? Освен Мак Примат, денес поминав и или беа прекратки (до половината) или предолги (до под колена). Сакам некоја средна должина. Доколку некој има идеја каде можам да најдам, би му била благодарна
Видов црни, во продавниците за чевли спроти факултети, значи пред Бит пазар. Не видов цена ама не се повеќе од 1000 денари.
Леле и во мојот град е празно се само еден бутик има неш ама не тоа што барам јас. Али сепак ќе одам во Охрид ако ништо друго ќе јадам босански бурек во „ Лихнида„
Едно прашање до скопјанки !! Дали имате видено шушкавно палто во Скопје во ПУМА женско да е, во 3 града барам никаде да најдам барем 6 000 ќе го платам ама стварно ми треба. Ако некоја видела шушкавно пролетно палто во Пума нека ме извести во ЛП или овде. Поздрав девојки