Ме интересира, дали го имате видено фустанов од Страдивариус некаде низ Скопје да е поефтин од 2000 ? И да има некоја друга величина освен XS ? Стварно мноогу ми се свиѓа , али претходниов викенд кога бев немаше мој број башка што и не ми се даваа толку за фустан од претходната сезона. И ако знаете кај можам да најдам во Скопје сличен на овој и на 2от модел подоле.
http://data.whicdn.com/images/11266181/tumblr_lneyaccRlg1qcuwie_large.jpg Да не имате видено ваква '' јакна'' или нешто слично у Скопје? Се утепав од барање
Да. Иста, скроз иста ваква има во Њу Јоркер во Веро, некаде 1700 мислам дека беше. Имаш исто и сина ваква и нежно розева, праска боја..
а јас погоре прашав ама никој не ми одговори каде можам да најдам парка да биде крем боја ок и не мора битно да е посветла нијанса овде во струмица има во бершка ама 3 600 скапо ми е ај ве молам ако знаете пишете каде има и со прифатлива цена
Јас го видов прв пат пред 3-4 месеци во ГТЦ Евроазија. Мислев дека е околу 1300 денари така сум запамтила, ама бев пред точно месец дена и беше точно 2 000 денари. Заљубена сум во фустанчето ама скапо ми беше. Провери може го намалиле, или па ако ти одговара цената go for it П.С. имаше величини, јас барав S или М и ги имаше и двете бројчиња, се мислев дали да го пробам ама не ми се ризикуваше, сигурно ќе го купев така и ќе си ги потрошев сите пари па се воздржав
Неее не е 1200 .. Јас сакав да го купам за Нова година тогаш беше 2500, а пред некој ден го видов 2000 во Евроазија кај Теранова што е ..
Вакви каде и по која цена? (Како вторите на првава слика, битно овој модел и оваа боја како на втората девојка)
^ Ауф не! Не, не, не хахаха да ми беше за таква слична цена од Гучи ќе ги купев Цена до 500, 600 денари... за наочари повеќе не давам, освен едни РејБан дома што ми се, ама тие се црни. Јас барам вакви
Јас имам од Бит Пазар 150 денари сребрени јас земав, а и кафен и златест модел имаше и бел и црн. Одма се наоѓаат кај што завршува-почнува чаршијата кај тој дел на на првите тезги на пазарот, дури не си ни влезен на пазар се гледаат од надвор. А ако сакаш имаш и на Асос убави за 8 и 9 фунти. http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Gold-Avia ... =Goldbrown http://www.asos.com/ASOS/ASOS-Gold-Avia ... 3&clr=Gold еве ти ги сите авиаторски очила http://www.asos.com/search/sunglasses-a ... =20&sort=3 Јас имам од асос наочари и мора да кажам стаклото е каде каде поубаво од пазарското А штом ти се дава 500-600 денари пробај нарачај си
^ И мене ми текна на Бит пазар, само се мислев дали сега ги има, да не е рано? И од лански модели да се останати, само да најдам златести авијаторки ми е битно, за ептен прифатлива цена. Ништо, утре одам до Бит пазар со надеж дека ќе најдам А 500,600 денари спомнав дека на Теранова имам дадено 699 или 799 не ми текнува точно колку беа, па затоа, само да најдам вакви точно ми требаат Фала девојки на одговорите
Ooooф бре, епа и мене не ми се даваат толку за летно стварче, ме чуди како девојката погоре прво го видела за 1200, па у последниве месеци го качиле на 2000 .. Eпа ајде ако случајно го начекате на нешто пониска цена, ќе чекам абер
Оксфортки или такви некои чевличиња за меѓу сезона? Да не бидат со астрономски цена, нели. Се мислев сега да купам балетанки, ама здравје, тоа мај, јуни негдека.