До 1000ка во продавничките на Битпазар, а 500 денари има во Шутка но само во една продавница и бројчиња над 37.
Да,во теранова имаше баш исто вакво ама скроз исто дури и такви копчиња Го видов вчера во теранова цената е прифатлива мислам дека е 1500 или така нешто не сум сигурна баш за цената дека гледав многу парчиња и можно е да сум се збунила
Едно известување за оние кои периодов ке одат накај Солун во Грција, намаление има огромно во Бершка на Цимиски по 4 евра фустанчиња.
Каде би можела да најдам ефтини чизми “кожнени“ до коленка, по можност кафени ? Колку да ми издржат 2-3 месеци
Ако знае некој кај можам да најдам крем корсет, ама не како долен веш туку како топ за носење нека ми пише ми треба за месец дена сум на свадба и многууу многу ми треба. Фала
Во Аванти баш гледав по 500-600 денари се. Ама лош материјал, како картон се. Буквално 2-3 месеци ќе ги носиш и ајт, канта.
Аванти и сите други продавнички на Битпазар. По 600 денари се сите, ретко каде се поскапи. Јас ги критикував Аванти во една тема за чизмите,но последните ми издржаа долго време, сигурно 4 месеци, а антилоп се и ги носев и низ води и низ калишта.
Ми треба нова завеса и прекривач за кревет, на виолетово, розовко, може и шаренки во весели бои. Каде можам да најдам низ Скопје интересни и секако не многу скапи? Во Џамбо претпоставувам немa такви работи..
Во есенската колекција на Теранова имаше. Јас од Битола сум ама веројатно имаше и таму... Беа негде 1500-1800 денари. Сеа незнам можи да се најди уште некоја некупена, прашај
Има во Џамбо на горниот спрат сигурна сум, со дечко ми купувавме пред 2-3 недели Многу убави има, а ако не на женски пазар
Девојки каде има низ градов црни шорцеви ама да не бидат многу кратки и да не се од многу тенок материјал???Нигде не можам да најдам
Има во Џамбо на спрат избор на завеси не се скапи а се доста тренди во разни бои,драпери исто,прекривки за маса,за кревет,украсни перничиња...што е најважно цените се прифатливи :up:
На автобуската кај зелено пазарче има една продавница во кулата (мислам Жана беше) и имаат избор на завеси и такви работи, а не се нешто скапи јас од таму си купив пред некоја година за џабе пари. Сега не сум влегла одамна, ама верувам дека не се променило нешто многу
Девојки да ви кажам. Пред некој ден бев во една продавница до универзална сала... Карши паркингот продавницата се вика Бабел Стор мислам дека. И имаат баш убави работи . Изгледа се од тие работи што ги враќаат од границите. Ама стварно има многу ефтини маички по 200-300 денари и фустанчиња до 800 денари. Викаат работите им биле маркирани ама што знам можеби и не се. Јас си купив џемпер 500 ден. И баш ми е убав не е како оние сто бледат после перење. Само сакав да ви кажам има доста работи кои се исти како во Евроазија, Теранова... Ама поевтини