Отиди во продавницата на Адидас што е во Борис Трајковски, таму секогаш се поефтини цените. Ке си најдеш нешто сигурно
Вака нешто интересни моделчиња фармерки имате ли видено низ градов,сегде е стандард,ништо вакво нема и вакви ?
Ги има во Мана фешн , а порано ги имаше и во Пренди па затоа цел град ги носи Snow-Queen како на последната слика јас имам земено од Пренди , но се без копчиња ама одамна ги имам земено, сега веќе не верувам дека ги има
јас да ве известам дека во новиот каталог на oriflame има убави четки и се на попуст јас си ги нарачав таа што е за пудра,лепезата и уште една. Имам претходно купено обична спласната и за бледнирање и мнг ми се добри за разлика од авон што влакненцата се како пластични. Ама дури на крај на месец ќе ги добијам па ќе направам и reviеw а иначе некако мнг попуст се добива од oriflame или тоа зависи како дистрибутерот работи и колку попуст има он нз како идат тие работи ама јас од кај што нарачувам имам дури и до 150 ден попуст
Новите модели и таму се со иста цена, само што плус имаат и стари модели кои се поефтини Почекај малку уште не се стигнати новите модели, сите изложени се останати од лани, а ваквите модели се продаваат за неколку дена П.с. Ако не си најдеш до тогаш ќе ти кажам кога ќе стигнат новите
Aко си од Cкопје, оди во делфина имаат они такви ланци или кажи им конкретно што сакаш па ќе ти го направат одма
Во тие продавничките пред женски пазар на Битпазар. Што продаваат чипки и останати тракатанци на метро. Имаш и синџирчиња вакви на метро. Оваа дебелина отприлика е 30ден/ метар. Најдебелиот е 80ден/ метар. Живо џабе Потполно исто ланче јас си направив од тие. Накај 2 метра синџир треба за вака да испадне. По специјализираниве продавници се многу скапи синџирите. Повеќе и од 100 денари за метар.
Ако мислиш на фармерки имаше пред некој ден во Евроазија бебешко розеви и мн нежна боја на љиљаково.И мислам дека беа на попуст по 500 денари