Црвени штикли некаде 10 цм на платформа, плишани по можност ако не евентуално антилопски, како на сликата во спојлерот само поостри во предниот дел, не толку заоблени и по која цена во Скопје? Spoiler
Во новата колекција на Аванти видов неколку интересни модели, а според ова што го бараш, еве нешто слично
Не, не сакам такви, сакам како што постирав црвени, плишани само платформа и штикла да има никакви детали на нив и напред заоблени само поостри од тоа на сликата
Има и такви само е подебела штиклата. И не се толку заоблени ама позаоблени се од овие што ги постираше АнаКаренина.
Јас мислев низ цело Скопје има такви какви што барам, ама пре ќе најдеш некои дезенирани отколку обични, класични
Да не се враќам назад по темава... Мантилчиња пролетни (зелени,жолти, карирани) има во МАНА. Spoiler колку ме нервираат во МАНА што избегаваат да дадат фискална тоа чудо едно
Не можам да се сетам на името на продавницата, а го знам ама ајде. Имам видено вакви антилопски ама црни, а имаше и црвени лаковани. Така да можеби има и какви што бараш ако можеш провери. Во онаа продавничката до Unique, или една две продавници пред/после Unique. Ама цените се енормни, барем за мене лично. 4-5000 денари отприлика вака што имам ѕирнато од излог. Мислам и дека ќе донесат низ повеќе продавници сега сезонава бидејќи се модерни, ако не ти се брза почекај месец дена.
^ Па не дека ми се брза, ама и така ќе одев по материјали за фустанот за матура, сакав и штиклите да си ги купам, ги барам точно такви какви што ги опишав, за матура ми се. Имам видено во ГТЦ онаа продавничкана мислам на 2 спрат беше при крајот кога гледаш од плоштадот, ама не знам дали уште има...мојата потрага продолжува Фала ви девојки!
Па има во Теранова и Сикс пи ем некој попусти.. Видете таму.. Еве да се затопли малце и да стигне пролетна колекција.. Па ќе се подновам од Теранова.
Има во ГТЦ една продавница кога одиш од плоштадот и на 2 спрат кога го поминуваш Адесо Тренд е таа .Има штикли во која сакаш боја а и не се над 2000. Крај краева ако толку не можеш да најдеш има место во Беверли кај што можеш да ги нарачаш.Баш вчера бев со една другарка таму и повеќето модели плиш им беа.