Каде можам да најдам окфордки високи до глужд одприлика и да не бидат многу скапи??? кремасти кафеави или сиви?? Не сум прошетала одамна по продавнициве
Dali ima nekoj odeno sofija , koj trgovski centri se najefteni prfpat kje odam pa ako moze da me upatite.. fala mn odnapred
Имаше во Jordan и високи и ниски по 600 ден. кога беше попустот, ама сега незнам колку се и дали воопшто има. Можеш да си видиш, мене некако не ми се свиѓаше ѓонот. Неиздржлив ми се виде, ама не ме фаќај за збор, ако ти е по пат, ѕирни си
Високи оксфордки имаш во свон шус, сега се на попуст ептен дека нова колекција ќе им доаѓа накај 15ти. Ако купуваш, побрзај да не ги повлечат моделите, бидејќи од есенска сезона се тие што им останале. Мислам дека би требало да се накај 1500 отприлика, ама ако ништо друго барем квалитетни и кожни се.
Кој бара патики во гтц да не влага убавите се над 4000,кој бара балетанки нека се упати накај ТРАФИК пред рампа -к.вода инаку балетанцињата се по 300-390 Туку каде да барам патики знаее некој ???
Да се надополнам, не мора да се идентични туку од овој тип, нешто како чизмички нагоре а напред отворени малку.
Здраво Имам кафеава ташна, пред некое време ми се закачи и се направи дупче.. сега, барав некои како исечоци, парче, апликација кои би можеле некако да се стават над тоа, како некој детал ќе дојде... само никако да најдам. Дали некој знае каде да најдам вакви парчиња? Пример: глупи примери ама неможам да најдам подобри слики
qqq ако дознаеш кажувај Патем каде би можела да најдам фустан до подколеници, нешто во стилот на белиот фустан на Мерлинка но горе да не е на врзување туку на прерамки
Јас имам вакви земени но од страна ми се увезени, оригинал Реибан. Овде гледав во Ботони по цена 890 ден и јаче..
Како ова фустанче има другарка ми,црно со патент од напред и од страна како чипкирано малку.Ракави има до лакт негде,ама е стварно многу убаво и топ стои.Ај ќе ја прашам па ќе ти пишам лп.
Најефтини и нема,цените се нешто како кај нас,само што има многу повеќе избор и преубава гардероба. Софија Мол ти е во центарот,не е многу голем има Тера Нова,Калиопе,Мотиви,Манго,Тејли Веијл и др. Сердика мол е по настрана и тука ги имаш овие продавници што ги набројав плус,Бершка,Страдивариус,Зара,Пул анд Беар,Ресервд и Мохито,ДМ маркет и др. И мојот омилен се вика The Mall тој е најголем,ги има сите продавници што ги набројав плус Х&М,Пимки,Пинк вомен,Сефора,Старбакс,Паоло Ботичели за чевли со доста пристапни цени и убав избор. Ако нешто друго те интересира пиши ми во лп
Женски каде да најдам штикли без платформа, значи како ова моделче само не толку шпицасти напред и да бидат такви тигрести? Дали има некој видено?
Слични вакви постираше една форумџика пред некој ден, од котон, 1900 денари. sliki-moda/sliki-od-vasite-omileni-cevli-sandali-stikli-na-platforma-t6181/330.html
Каааааааааааде да си купам тенка пролетна јакничка во весели бои или бела (евентуално), а да не биде еднобојна и 20-25 евра како на Теранова и Калиопе? Кажувајте луѓеееее!