Девојки, а кратки панталончиња по можност тексас, ова време кај може да се најде? И со пристојна цена, не ми се дава 1000 и повеќе за панталончиња. Имаше во Тера Нова пред некое време ама одамна не сум била таму, а беа мнооогу ефтини, сега не знам ни дали ги има веќе, па ако бил некој сега скоро може да ме извести.
Феминки ми треба предлог каде да барам некои кратки чизмички , со висока потпетица да бидат ама и да се квалитетни и удобни, до сега зимав во Бата ама не се ич удобни, знам за Шевињон, не ми текнува дали има некој друг таков бутик со слични модели и квалитет , а и кажете кај да си најдам некое младалачко струкирано убаво сако ???
јас во miss shoes имав купено кратки чисмички со висока штикла и ги утепав од носење 3-4 години. Квалитет се, така да можеш таму да побараш сигурно има такви.
Имаш во лептокарија, во К.Вода кај Средното Борис, имаш карши кино милениум, и порано имаше карши ТЦ Бисер, дали има карши бисер сеуште незнам
Е јас сакам вакви еднобојни балетанки! Како што гледам новиве колекции се по 700/800 ден. ама јас би сакала поевтини, до 500 некаде... Сте виделе?
Lacrimosa најде вакви ракавици? И црни и бели има кај бит пазар односно пред бит пазар во една продавница за аксесорис, кај ил камино се наоѓа, после стопанска банка. Нема шанси да не ја најдеш. Околу 100 или 150 беа, лани купував јас, мислам дека сеуште има .
Провери во ТРАФИК пред рампа -к.вода инаку балетанцињата се по 300-390 имаше зелени,кафени,жолти,црни и шарени
Сакам балетанчиња ама напред да не бидат заоблени, туку шпиц. Ко на сликава. Па ако некој негде види некои убави нека каже
Леле не ми текнува точната локација на продавниците но мислам имаше во Бисер, на битпазар и во лептокарија но не сум сигурна
Трафик има и во Бисер и има после камени кога идеш накај чаршија во тој редот кај што е Sewa,кинеското продавниче и не знам што уште имашево редот